Голем пожар во Крањ, евакуирани 67 лица


Пожар синоќа избувна во стара напуштена зграда во словенечкиот град Крањ, при што од околните објекти се евекуирани 67 лица.

Во пламенот што избувнал околу 23:30 часот целосно е уништена зградата, додека од интензивната топлина е оштетен објект во непосредна близина, неколку возила и стакла на соседните згради.

Околу 1 часот по полноќ пожарот е локализиран, а во акцијата биле вклучени вкупно 133 пожарникари. Причината за пожарот се уште не е позната, а се преценува настанатата штета.