Украинската војска продолжува да напредува на истокот од земјата


  Во источниот украински регион Харков, украинските трупи постигнаа дополнителни придобивки на источниот брег на реката Оскил. Населбата Писки-Радкивски повторно е под украинска контрола, изјавија од управата на општина Борова за новинската служба на Телеграм. Како додаток се прикажани фотографии од уништената руска технологија. Пред руската инвазија на 24 февруари, населбата имала околу 2000 жители. […]

Владата се задолжи 250 милиони евра преку хартии од вредност на германскиот пазар


  Владата донесе одлука за издавање на хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen“, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. Министерството за финансии во континуитет ги следеше пазарите на капитал и согласно опсежните […]

Регистрирани 81 случај на КОВИД-19 од 787 тестирани, нема починати лица


  Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 787 тестови, а регистрирани се 81 случај на КОВИД-19, од кои 25 се реинфекции. Оздравени се 77 пациенти, не се регистрирани починати лица. Во моментов активни се вкупно 378 случаи на КОВИД-19. Од новозаболените, 56 се од Скопје, пет од Прилеп, […]

Илјадници Руси со часови чекаат за влез во Монголија


Илјадници државјани на Русија со часови чекаат да влезат во Монголија во обид да ја избегнат мобилизацијата. Според очевидци, Русите чекаат повеќе од 16 часа за да влезат во Монголија. Поединци тврдат оти тоа им е „единствен избор“, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „делумна мобилизација“ на 300.000 резервисти. Монголија, што речиси целосно е зависна […]

Усвоен Предлог – Законот за Студенчишко Блато, се исполнува препораката на УНЕСКО


На денешната 85-та Седница, Владата го усвои Нацртот на Законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа, по што истиот ќе се достави до Собранието на понатамошно постапување. Донесувањето на овој Закон, освен што значи исполнување на препораката на УНЕСКО, ќе овозможи зачувување на природната состојба на […]

СДСМ: Милошоски ја кочи и ратификација на договорите од Отворен Балкан


  СДСМ е незадоволен од оддолговлекувањето на седницата на Комисијата за надворешни работи на која треба да се ратификуваат договори од инизјјативата Отворен Балкан. „Станува збор за договори со чија ратификација граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без […]

Битиќи: Клучните причини за миграцијата доаѓаат од недовербата во институциите


Од 2011 до 2019 година од нашата држава се одлеале 700 илјади наши сограѓани или скоро секој четврти заминал од државата. Иако тој тренд се намалил во ковид периодот, за жал, тоа претставува сериозен проблем, не само за носителите на јавни функции и за креаторите на политиките туку за целото општество, вели вицепремиерот за економски […]

Пропагандистот на Путин ја критикува хаотичната мобилизација


  Спин-докторот на руските државни медиуми, Владимир Соловјев, ги критикуваше руските напори за „делумна мобилизација“ на државната телевизија во неделата – редок потег за водителот на ток-шоуто што го поддржува Кремљ. Соловјев праша зошто вработени луѓе, или музичари или луѓе со „милион болести“ или студенти – за кои рече дека сите треба да бидат изземени […]

Регионалниот пат Велес – Градскo затворен за сообраќај во наредните девет месеци


Делницата Велес – Градскo на регионалниот пат Р1102, од утре па во наредните девет месеци ќе биде затворена за сообраќај поради градежни работи, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема […]

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза – за енергенси уште се разговара


Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза, а тоа е ставање во функција на сите енергетски капацитети – оспособување на Блок 3 во РЕК Битола, ставање во функција на ТЕЦ Осломеј, а од утрово во функција е ставен првиот котел на ТЕЦ Неготино, изјави денеска во Скопје премиерот Димитар Ковачевски. Првиот котел […]

Усогласување на платите со линеарно зголемување не е решение, порача Битиќи


Усогласување со одредено линеарно зголемување не е решение. Ние сакаме да дефинираме методологија за зголемување на платите во јавниот сектор која ќе биде базирана на продуктивност и ефикасност, како што тоа го бараме во приватниот сектор, а секако и со нов закон за плати во јавнот сектор, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На […]

За рудници, казина и банки нема енергетска поддршка, за угостители и хотелиери ќе има


 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, осврнувајќи се на владините мерки за енергетската криза, рече дека угостителите и хотелиерите ќе добијат поддршка, а рудниците, казината, банките и сличните такви дејности нема да бидат поддржани. Бектеши повтори дека ќе им се помогне и на најранливите категории граѓани, а ќе се донесат и соодветни мерки во делот […]

Владината коалиција и парламентарното мнозинство се стабилни, тврди Ковачевски


Владината коалиција е стабилна. Нема опасност од губење на мнозинството во Парламентот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот Димитар Ковачевски ова го изјави одговарајќи на новинарски прашања дали е стабилна Владата и дали има опасност од губење на мнозинството во Собранието откако неколку пратеници на ДУИ најавиле отцепување од партијата. Од Владата за МИА велат […]

Димовски: Државата да ги усогласи сите плати со минималната


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) чека да биде повикан на прво рочиште откако на 1 септември поднесе пријава  до Основниот граѓански суд со барање да се поведе постапка против Владата поради непочитување на Законот за минимална плата кој предвидува  усогласување на платите на сите останати вработени во јавниот сектор онаму каде што државата е […]

Со 70 милиони евра се подобруваат локалните патишта


Со 70 милиони евра ќе се обезбеди подобра инфраструктура, односно ќе се реконструираат локалните улици и патишта во сите 80 општини низ државата и Град Скопје. На презентација на „Проектот за поврзување на локалните патишта”, присуствуваше премиерот Димитар Ковачевски, а свои обраќања имаа и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за внатрешни работи Оливер […]

Во јули 82,4 отсто од потрошената струја била од домашно производство


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2022 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесувала: 525 730 МWh електрична енергија, 12.592 мил. нм3 природен гас, 466 130 тони јаглен и 97 117 тони нафтени продукти.   Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 82.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98.3 […]

Татко си го уби тримесечното бебе во Скопје


Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Од ЈО информираат дека ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот […]

Битиќи: Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има


 Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата за миграција на работна сила, Битиќи информира дека е обезбеден и гас. -ЕСМ и „Адора“ влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Се што е возможно ќе […]

Комората на геодети и Градежниот факултет потпишаа Меморандум за соработка


 Комора на трговски друштва за геодетски работи потпиша Меморандум за соработка со Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје, со што се официјализираше долгогодишната успешна соработка која ја негуваат двете институции, но и се продлабочува, а со цел унапредување на геодетската дејност во државава. Меморандумот за соработка потпишаа м-р Никола Рибароски, претседател на […]

Поднесен предлог за отворање стечајна постапка за ДГ Бетон АД Скопје


Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје четврти месец нема исплатено плата на вработените, а сметката му е затворена односно блокирана повеќе од 45 дена. Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање соопшти дека, во име на вработените од ДГ Бетон АД Скопје, вчера до Основниот граѓански суд Скопје поднел Предлог за отворање стечајна постапка односно за […]