Ковачевски: Нѐ очекува тешка зима, Собранието не треба да се бојкотира


Не очекува тешка зима. Владата работи ценовните шокови да бидат помали и да се обезбедат реагенси за непречено снабдување на домаќинствата и индустријата, вели премиерот Димитар Ковачевски појаснувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ постапува погрешно со блокадите на Собранието. „Правиме ребаланс, Министерството за финансии намалува на трошоци кои не мора да бидат направени, за да има средства за […]

Второ прскање против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека во периодот од 17.05 до 20.05.2022 година на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци.   Ова е второ прскање, по првото кое се изврши на 29.04.2022 година, со што навреме почна овој процес.   Доколку временските услови се неповолни, терестричната дезинсекција […]

Во еко-акцијата „Генералка викенд“ собрани 185 тони отпад


 Во рамки на еколошката акција „Генералка викенд 2022“, што од 6 до 8 мај се спроведуваше во 26 општини и во Градот Скопје се собрани 185 тони отпад. Во акцијата учествувале над 7 400 волонтери, што претставува седумкратно зголемување на бројот на учесници од минатата година. – Овој собран отпад е количество што на дневно […]

Славната манекенка Јованка Мазиќ ја омажи ќерката Ангела: Во прекрасни раце е, тоа ме упокојува


Во прекрасниот амбиент на манастирот „Свети Јован Бигорски“, во кругот на потесното семејство, без јавни фаци, некогаш славната манекенка со најубавите сини очи, а сега одговорно лице за организирање свадби во хотелот „Мериот’, Јованка Мазиќ, ја омажи ќерката-единица Ангела, магистриран архитект, со големо работно искуство во областа на проектирањето и изведба на станбено-деловни објект. Избраникот […]

ЕУ и Украина – цела Унија е заложник на една земја-членка


  Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ на денешниот состанок во Брисел ќе разговараат за последните случувања во војната во Украина. Состанокот е во сенка на тековниот спор во ЕУ околу забраната за увоз на руска нафта. Плановите за ова во моментов се на работ, бидејќи Унгарија не е подготвена да го поддржи […]

Ковачевски: Ние сме единствената земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници


Ние сме држава што го има поставено прашањето на правата на помалите етнички заедници на исклучително високо ниво и сме единствената земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали Владата размислувате за формирање институција која ќе работи за правата на Бугарите како што […]

НБ: Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти


Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти предвидува Народната банка (НБ) во најновите пролетни проекции што е надолна корекција за еден процентен поен во однос на октомвриските проекции за 2022 година. Инфлацијата се предвидува да биде 8,8 проценти во просек со очекување за постепена стабилизација до крајот на годината. Гувернерката Анита Ангеловска […]

Конгресот на САД ќе се обиде до август да го ратификува зачленувањето на Финска во НАТО


 Американскиот Конгрес до август ќе се обиде да ја ратификува апликацијата на Финска за приклучување кон НАТО. Тоа во Хелсинки го изјави републиканскиот лидер во американскиот Сенат Мич Меконел, по средбата со претседателот на Финска Саули Ниинисто. „Секако се надеваме дека ќе го постигнеме тоа пред августовските празници кога Конгресот вообичаено не заседава“, им рече […]

Со ембарго на ЕУ или не – Германија ќе престане да увезува руска нафта до крајот на годинава


  Германија планира да го прекине увозот на руска нафта до крајот на 2022 година, дури и ако ЕУ не успее да се договори за ембарго на нафта. За ова пишува Блумберг, повикувајќи се на извори во германската влада. Според нив, процесот на затворање зделки со алтернативни добавувачи оди добро, а Берлин очекува да ги […]

Корчок: Нема причина да се одложуваат преговорите со Скопје и Тирана


Словачкиот министер за надворешни работи, Иван Корчок, бара без одлагање да започнат формално преговорите за членство меѓу ЕУ и Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефот на словачката дипломатија, Корчок пред денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ, изјави дека една од неговите главни пораки денеска ќе биде дека мора […]

Шведска праќа дипломати во Турција за да се надминат приговорите за НАТО


 Шведска праќа дипломати во Турција за да се обидат да ги надминат приговорите на земјата околу шведскиот план да му се приклучи на НАТО, јави Би-Би-Си. Потегот е во моментот кога се очекува Шведска официјално да се огласи околу барањето за влез во Алијансата. Финска веќе потврди дека ќе поднесе барање за членство. Турција, што […]

Нова грижа за европските лидери: Што ако победи Украина?


  БЕРЛИН – Во последното продолжение на Изборот за песна на Евровизија, Европејците ја искористија можноста да покажат солидарност со Украина и да му удрат по нос Владимир Путин. Но, подалеку од ентузијазмот за победничкиот влез на Украина на тој фестивал на камперски игри, плитка симболика и лош англиски јазик, најмоќните престолнини на континентот почнаа да […]

Три хороскопски знаци се „под среќната ѕвезда“ оваа недела, еден од нив ќе си оствари и еден од соновите


Еве кои знаци од Зодијакот ќе имаат најмногу среќа во неделата од 16 до 22 мај! Оваа недела ѕвездите нема да бидат подеднакво поволни за сите, а еве во кои три хороскопски знаци можат да уживаат бидејќи навистина се „под среќната ѕвезда“ во периодот од 16 до 22 мај. Овен Оваа недела уживате во вниманието […]

Австриски министер: Пакетот санкции против Русија готов деновиве


Надворешните министри на Австрија и Естонија во Брисел дадоа изјави околу шестиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, што следува. Австрискиот министер Александер Шаленберг е уверен дека пакетот ќе биде „завршен следните денови“, јави Си-Ен-Ен. Според Шаленберг, пакетот санкции поради руската инвазија на Украина, ќе биде „многу суштински“, но сè уште има „извесна потреба […]

ВМРО-ДПМНЕ го нарече премиерот Ковачевски „будала“


  Речникот во политиката одамна е отиден под долните граници, но секогаш има можност да се оди уште подолу. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешеното стандардно утринско соопштение му го прилепи епитетот „будала“ на премиерот Димитар Ковачевски околу неговите (не)реакции на скандалозната снимка на спикерот Талат Џафери во Собранието, која е полна со навреди до вработени. Во […]

Во погоните на „Рено“ во Русија сега ќе се произведува „москвич“


  Руските средства на француската групација „Рено“ преминуваат во државна сопственост, соопшти Министерството за индустрија и трговија на Руската Федерација. Така, 67,69 отсто од акциите на концернот „АвтоВАЗ“, во сопственост на групацијата Рено, ќе бидат префрлени на Научно-истражувачкиот автомобилски и автомобилски институт (НАМИ), а 100 отсто од акциите на „Рено Русија“ ќе ѝ припаднат на […]

Осум медали за Македонија на Светскиот шампионат во боречки вештини


Во конкуренција од над 3 000 спортисти, нашите претставници на Светскиот шампионат на светската федерација за боречки вештини кој се одржа во периодот 14 – 15 мај 2022 година во Сер – Република Грција, се вратија со осум медали, од кои пет златни. Академијата за боречки вештини и спортови “ЗА – НЕД – ДО” – […]

(Во живо) Проекции на Народна банка


Народната банка денеска ќе ги презентира априлските макроекономски проекции. Пролетните проекции се дел од редовниот циклус на проектирање на Централната банка. На презентацијата ќе бидат присутни гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите на Народната банка. 

Започнуваат НАТО вежбите во Естонија, најголеми досега на Балтикот


Во Естонија денеска почнуваат големи воени маневри на НАТО, кои се сметаат за едни од најголемите одржани досега во историјата на Балтикот. Маневри со кодно име „Еж“ ќе се одржат во Естонија во текот на следните две недели и ќе учествуваат 15.000 војници од десет земји, меѓу кои британски, американски, фински и шведски, јавува Би-Би-Си. […]

Колку е „евтин“ рускиот гас?


Главниот аргумент за реакциите по одлуката на Бугарија да купува американски место руски гас е дека тој е многу поскап и тоа ќе го платат граѓаните преку цените,  стои во анализата на бугарски „Дневник“.  -Ако нема „евтин“ руски гас, како што се тврди, ќе следи неизбежното уништување на бугарската економија, иако во неа  само околу […]