Започнуваат НАТО вежбите во Естонија, најголеми досега на Балтикот


Во Естонија денеска почнуваат големи воени маневри на НАТО, кои се сметаат за едни од најголемите одржани досега во историјата на Балтикот.

Маневри со кодно име „Еж“ ќе се одржат во Естонија во текот на следните две недели и ќе учествуваат 15.000 војници од десет земји, меѓу кои британски, американски, фински и шведски, јавува Би-Би-Си.

И покрај фактот што воените вежби беа планирани многу пред Русија да започне специјална операција во Украина, тие ќе се одржат во време на значително поголеми тензии меѓу НАТО и Москва.

Овие маневри се многу симболични за балтичките земји во контекст на руската воена операција во Украина, бидејќи имаат за цел да ја тестираат способноста на тие земји да одговорат на сличен упад на непријателските сили, наведува британскиот јавен сервис.