Шведска праќа дипломати во Турција за да се надминат приговорите за НАТО


 Шведска праќа дипломати во Турција за да се обидат да ги надминат приговорите на земјата околу шведскиот план да му се приклучи на НАТО, јави Би-Би-Си.

Потегот е во моментот кога се очекува Шведска официјално да се огласи околу барањето за влез во Алијансата. Финска веќе потврди дека ќе поднесе барање за членство.

Турција, што е сојузник на двете држави, соопшти оти нема да гледа позитивно на нивните апликации. Претседателот Таип Ердоган изјави дека „скандинавските земји се куќи за гости за терористички организации“, пишува Би-Би-Си.