Осум медали за Македонија на Светскиот шампионат во боречки вештини


Во конкуренција од над 3 000 спортисти, нашите претставници на Светскиот шампионат на светската федерација за боречки вештини кој се одржа во периодот 14 – 15 мај 2022 година во Сер – Република Грција, се вратија со осум медали, од кои пет златни.

Академијата за боречки вештини и спортови “ЗА – НЕД – ДО” – „Златко Неделковски“ од Битола која беше претставник на Македонија, на Светскиот шампионат зема учество со тим од четири натпреварувачи.

Како што информираат од клубот, златен и сребрен медал во дисциплините Лајт контакт и Лоу кик за спортисти до 13 години освоил Давид Јошевски (13 години, категорија -58 кг). Бобан Гарабиљевиќ (14 години ; категорија -60 кг) освоил, исто така, Златен и Сребрен медал во дисциплините Лајт контакт и Лоу кик за спортисти до 14 години.

Златен и бронзен медал во дисциплините Лајт контакт и Лоу кик за спортисти до 17 години освоил Илче Филкоски во категорија -50 кг и Мартин Колоски (20 години, категорија -70 кг) се вратил со освоени две златни медали во дисциплините Лајт контакт и Лоу кик за спортисти над 20 години.