Колку е „евтин“ рускиот гас?


Главниот аргумент за реакциите по одлуката на Бугарија да купува американски место руски гас е дека тој е многу поскап и тоа ќе го платат граѓаните преку цените,  стои во анализата на бугарски „Дневник“. 

-Ако нема „евтин“ руски гас, како што се тврди, ќе следи неизбежното уништување на бугарската економија, иако во неа  само околу 20-30 сериозни компании се потрошувачи на гас. И кај сите критичари на оваа одлука единствен аргумент е цената, рефрен што го вртат сите медиуми  како стар зарѓан фенер. Но, дали држи овој аргумент?

Прво, цената на  гас зависи од понудата и побарувачката, а не од формулата трошоци плус профит. Така што, Гаспром не ни продава гас според тоа колку чини да го донесеме преку гасоводот до Бугарија, за да бараме аргументи во оваа насока. 

Второ, дури и ако  договорите на Гаспром со Булгаргаз се долгорочни, тие сепак се засноваат на берзанската цена (70%) и на просечната цена од 30% на нафтените деривати во последните неколку месеци. 

Трето, американскиот течен природен гас се извезува главно во Азија, каде побарувачката во моментов е слаба поради ковид блокадата  во Кина, намаленото производство и намаленото снабдување на Азија. Нормално е во овој момент да се пренасочуваат количествата кон Европа по поатрактивни цени – така што е сосема можно барем во јуни цената на американскиот гас да биде пониска од договорената цена на гасот на Гаспром.

Четврто, реалната цена на Гаспром сега е нејасна според неговите нови услови за плаќање – има нови посредници во Русија, нејасни девизни курсеви, непознати правни ефекти врз договорите – т.е. нема референтна цена на Гаспром за да се споредува таа и да се тврди дека е „ поевтино“.

Петто, озлогласениот факт дека во рускиот гасовод влегува не само гас, туку и огромна политичка корупција, никогаш не се коментира. Во оваа ситуација, дури и ако рускиот гас е номинално поевтин, земјите, пред се Бугарија со децении плаќаше и продолжува да плаќа огромна цена за дел од бугарската политичка класа, која ја лиши нацијата од суверенитет во многу области, особено во енергетиката.

Шесто, Гаспром може да ни продаде гас по која сака цена, бидејќи ние сме мал пазар и никогаш не преговараме за трговски договор со него. Затоа што рускиот гас е политичка стока со цена која ја вклучува и киријата на нашата политичка класа. Сега таа класа е љубоморна како дете што му украле чоколадо – од собраниската говорница до медиумите – заради загубата на рускиот гас.

Седмо, како што вели претседателот на Естонија „подготвени сме да платиме  за друг гас толку колку што е потребно, бидејќи слободата нема цена“. (Дневник)