Филипче: 600 вработени во Ресен ќе седат дома 10-14 дена


Во Ресен по 19-те дијагностицирани лица, (до денеска 25), од кои првите лица потекуваат од семејна веселба, во следните 10-14 дена околу 600 вработени во фирми договорено е да не одат на работа, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Ова било договорено во координација со локалниот Кризен штаб и работодавците. Во Штип пак, од седумте …

Филипче: 600 вработени во Ресен ќе седат дома 10-14 дена Read More »

Држави од ЕУ ќе платат 750 милиони евра за 300 милиони дози вакцина на „АстраЗенека“


Италија, Германија, Холандија и Франција ќе платат 750 милиони евра за 300 милиони дози на потенцијалната вакцина на Aстра Зенека против Ковид-19 како дел од европски договор за гарантирање на набавка на лекови. Тоа го изјави денеска портпаролот на Министерството за здравство во Рим. – Четирите земји на ЕУ имаат можност да купат дополнителни 100 …

Држави од ЕУ ќе платат 750 милиони евра за 300 милиони дози вакцина на „АстраЗенека“ Read More »

(Во живо) Прес-конференција на министерот Филипче


Министерот за здравство Венко Филипче, за денеска закажа прес-конференција. Откако деновиве во Македонија секојдневно се броеја по близу 200 нови случаи на корона вирус, а смртните случаи се зголемуваа, министерот денеска ќе излезе да објасни кои се следните чекори за сузбивање на пандемијата. Тој оцени дека ова е втор бран од заразата и дека ќе …

(Во живо) Прес-конференција на министерот Филипче Read More »

Алкохоличарите во Холандија ќе добијат електронски нараквици


Холанѓаните осудени за злосторства извршени под дејство на алкохол наскоро околу глужд ќе стават специјални пластични алки за електронски надзор, со чија помош ќе се следи нивната навика за консумирање алкохол. Холандското Министерство за правда објави дека со помош на електронската нараквица, ќе се следи секој обид за консумирање алкохол меѓу сторителите, така што автоматски …

Алкохоличарите во Холандија ќе добијат електронски нараквици Read More »

Заев: Договорен датум за избори – 15 јули


Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес-конференција денеска потврди дека се договориле со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изборите да се одржат на 15 јули. – Денеска разговарав со Мицкоски и тој ми потврди дека е согласен да учествува на избори на 15 јули – рече Заев, кој очекува лидерот на опозицијата да излезе јавно …

Заев: Договорен датум за избори – 15 јули Read More »

Турканици во Тетово пред банките поради издавањето на домашната платежна картичка


Големи гужви и собирање на луѓето се евидентни денес пред банките, поштите и другите институциите на државно и локално ниво поради издавањето на државните платежни картички за помош на населението во ситуацијата со Ковид-19.  Градоначалничката Теута Арифи смета дека установите пред кои се собираат граѓаните треба да зголемат број на службеници за да оди полесно …

Турканици во Тетово пред банките поради издавањето на домашната платежна картичка Read More »

(Во живо) Прес-конференција на Зоран Заев


Во седиштето на СДСМ прес-конференција ќе одржи претседателот на СДСМ, Зоран Заев на која се очекува да го каже конечниот став за одржување на парламентаните избори. Проследете ја во живо: https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/1142878292736144/  

Сугарески: Сè уште нема конечен став околу отворањето на границите и аеродромите


Владата сè уште нема став околу евентуалното отворање на границите и аеродромите, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, коментирајќи ја одлуката на авиокомпанијата „Виз ер“ да ги пролонгира летовите до Северна Македонија до средината на идниот месец. – Како член на Кризниот штаб можам да кажам дека ја следиме ситуацијата, и согласно препораките …

Сугарески: Сè уште нема конечен став околу отворањето на границите и аеродромите Read More »

Од февруари во април: И Оскарите ќе доцнат поради коронавирусот


САД– Свеченоста за 93-то доделување на Оскарите следната година е преместена од февруари на крајот на април, а тоа е направено поради епидемијата на коронавирусот, објави Американската академија за филмски уметности и наука. Доделувањето ќе се одржи на 25. април. Првичниот датум – 28 февруари, сега е новиот одреден датум кога филмовите ќе почнат да …

Од февруари во април: И Оскарите ќе доцнат поради коронавирусот Read More »

Михаил Ренџов и Мирослав Биелик добитници на „Книжевен жезол“ за 2020 година


Реномираната награда „Книжевен жезол“ за поетски опус што ја доделува Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) секоја година на еден домашен и на еден странски поет, оваа година им се доделува на македонскиот поетски маг Михаил Ренџов и на поетот Мирослав Биелик од Република Словачка. Како што соопшти Друштвото на писатели, чествувањето на поетското творештво …

Михаил Ренџов и Мирослав Биелик добитници на „Книжевен жезол“ за 2020 година Read More »

Скринингот откри по два случаи на Ковид-19 од градинките во Охрид и во Штип


Скринигот што Министерството за здравство го спроведува низ некои институции, пред се геадинките, денеска откри уште четири заразени вработиени во градинки во Охрид и во Штип. Имено од денеска направените  вкупно 841 тестирање на Ковид-19, 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид. Таму  потврдени се четири позитивни случаи, два во …

Скринингот откри по два случаи на Ковид-19 од градинките во Охрид и во Штип Read More »

Актери и пејачи ги збогатија претстојните избори на Балканот


Словенија – За претстојните избори во Северна Македонија, Србија и Хрватска, покрај со веќе проверени и познати партиски кадри, партиите своите кандидатски листи ги збогатија и со популарни личности од светот на спортот и културата, наведува „Балкан Инсaјт“. Сајтот истакнува дека некои, како хрватскиот фолк пејач Мирослав Шкоро или српскиот актер Сергеј Трифуновиќ застанаа на …

Актери и пејачи ги збогатија претстојните избори на Балканот Read More »

Парична помош од ФИФА бараат 441 фудбалер поради стечај на нивните клубови


Фудбалерите од клубовите во стечај ќе добијат помош од ФИФА. Вкупно 441 фудбалер поднеле барање до Светската асоцијација за паричен надоместок. Тоа се играчи кои имаат заостанати плати, а нивните клубови банкротирале и не можат да ги затворат долговите, објави ФИФА на Твитер. Дури 81 отсто од апликантите претставуваат европски клубови. ФИФА ќе продолжи да …

Парична помош од ФИФА бараат 441 фудбалер поради стечај на нивните клубови Read More »

До четврток променливо и топло, во попладневните часови дожд и грмежи


До четврток во попладневните часови ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сепак, ќе биде топло со максимални температури кои ќе се движат околу 30-тиот степен. За денеска синоптичарите најавуваат сончево и топло време претпладне, а попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови …

До четврток променливо и топло, во попладневните часови дожд и грмежи Read More »

Повторно се отвораат аеродромите во Белгија


Двата главни патнички аеродроми во Белгија, Брисел и Шарлероа, постепено почнуваат да работат од денеска со отворањето на внатрешните граници на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. За денеска се предвидени шеесет летови од бриселскиот аеродром, или над четири илјади патници. Бројот на патници постепено ќе се зголемува, на први јули се очекува да …

Повторно се отвораат аеродромите во Белгија Read More »

Италија епидемиолошки стабилна, под посебен надзор само Ломбардија и Рим


Италија – Епидемиолошките податоци низ цела Италија се стабилни, но во Ломбардија со над 70 проценти од вкупниот број нови случаи заразени со Ковид-19 и Рим со нови жаришта се под посебен надзор. Според најновите дневни податоци за бројот на нови случаи, во Ломбардија, најтешко погодениот регион на Италија, се регистрирани 244 нови случаи, што е 72 …

Италија епидемиолошки стабилна, под посебен надзор само Ломбардија и Рим Read More »

Државниот секретар и четворица вработени во МВР одат во самоизолација


Пет лица меѓу кои и државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска одат во самоизолација во домашни услови во рок од 14 дена, а останатите 62 анкетирани лица се враќаат на работно место со почитување на мерките, откако вчера беше утврдено дека двајца вработени во бифето на првата зграда во кругот на МВР …

Државниот секретар и четворица вработени во МВР одат во самоизолација Read More »

Максим Димитриевски бара од МВР внатрешна истрага за кривичната пријава против него


Комплетна истрага од Одделот за внатрешна контрола на МВР денеска побара градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, за кривичната пријава која полицијата ја поднесе против него за непостапување според здравствени проиписи за време на епидемија, која пријава од Основното јавно обвинителство е отфрлена како неоснована. „Денеска ја искористив мојата граѓанска можност со оглед на сето она …

Максим Димитриевски бара од МВР внатрешна истрага за кривичната пријава против него Read More »

Проблеми за српските туристи – не ги пуштаат ниту на Евзони, ниту на бугарско-грчката граница


Граничниот премин Богородица од денеска официјално е отворен само за транзит  на странци со што е забележано поголемо присуство на возила кои без проблем ја минуваат нашата граница, но се враќаат од страна на грчките и полициски царински службеници затоа што грчката копнена граница останува затворена за сообраќај до 30 јуни, изјавија за МИА од …

Проблеми за српските туристи – не ги пуштаат ниту на Евзони, ниту на бугарско-грчката граница Read More »