Парична помош од ФИФА бараат 441 фудбалер поради стечај на нивните клубови


Фудбалерите од клубовите во стечај ќе добијат помош од ФИФА. Вкупно 441 фудбалер поднеле барање до Светската асоцијација за паричен надоместок. Тоа се играчи кои имаат заостанати плати, а нивните клубови банкротирале и не можат да ги затворат долговите, објави ФИФА на Твитер.

Дури 81 отсто од апликантите претставуваат европски клубови.

ФИФА ќе продолжи да прифаќа апликации преку Меѓународната федерација на Здружението на професионални фудбалери.

ФИФА и ФИФПро создадоа меѓународен фонд кој ќе одвои пари за играчи чии клубови банкротирале и не им исплатиле плати на фудбалерите. Почетокот на исплатите е на 1 јули.