До четврток променливо и топло, во попладневните часови дожд и грмежи


Фото: Б. Грданоски

До четврток во попладневните часови ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сепак, ќе биде топло со максимални температури кои ќе се движат околу 30-тиот степен.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево и топло време претпладне, а попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер кој попладне ќе засилува, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Денес, максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Од петок и за време на викендот времето ќе настапи стабилизирање на времето. Според најавите на УХРМ, ќе биде сончево со максимални температури кои ќе се движат од 23 до 31 степен.