Османи: Договорите со Бугарија и Грција дел од преговарачката рамка


ЕК го заклучи текстот на преговарачката рамка и го предаде на Советот на ЕУ. Ова е само нацрт верзија и моето очекување е до октомври да биде прифатен финалниот текст. Добро е што ова се случува во време на германското претседателство кои се големи поддржувачи на нашиот европски пат, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања …

Османи: Договорите со Бугарија и Грција дел од преговарачката рамка Read More »

Голем интерес за дуалното образование – само уште десет слободни места во Велес


Нашиот пакет на услуги поврзани со реорганизацијата на глобалните синџири на добавувачи опфаќа различни услуги достапни и во дигитален формат, вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во нашата земја     Во рамките на дуалното стручно образование по германски модел, досега се пријавени 80 ученици за слободните места во паралелките за дуално …

Голем интерес за дуалното образование – само уште десет слободни места во Велес Read More »

Орбан повторно контра ЕУ, од списокот „безбедни“ земји ја прифаќа само Србија


Унгарија нема да го прифати барањето на ЕУ на списокот на „безбедни“ држави од пандемијата на коронавирусот да ги додаде и земјите надвор од ЕУ. Единствен исклучок од оваа одлука ќе биде Србија, кажа унгарскиот премиер Виктор Орбан. -Засега не можеме да го поддржиме барањето на ЕУ, бидејќи тоа ќе биде спротивно на здравствените интереси …

Орбан повторно контра ЕУ, од списокот „безбедни“ земји ја прифаќа само Србија Read More »

Кандидатите за пратеници во Битола најмногу делат маски


Бурни реакции меѓу битолчани откако Игор Дурловски го отвори изборниот штаб на Широк Сокак без да се почитуваат здравствените протоколи   БИТОЛА – Во делење маски поминува кампањата за предвремените парламентарни избори во Битола. Кандидатите за пратеници речиси секој ден делат маски на фреквентни улици и во термини кога граѓаните се најраздвижени, пазаруваат или пијат кафе на …

Кандидатите за пратеници во Битола најмногу делат маски Read More »

Во Црна Гора лани странците купиле недвижности за 170 милиони евра, најмногу Русите и Србите


Во Црна Гора минатата година странците купиле недвижен имот во вредност од 169,99 милиони евра, што е за 12,6 милиони помалку од една година порано. Најголеми купувачи се Русите, Србите и Турците, покажуваат податоците објавени денеска од Централната банка. Минатата година, граѓаните на Руската Федерација тргуваа со недвижнини за речиси 39 милиони евра, што е …

Во Црна Гора лани странците купиле недвижности за 170 милиони евра, најмногу Русите и Србите Read More »

„Тесла“ ја надмина „Тојота“, повредна и од „Дизни“ и „Кока Кола“


Пазарната вредност на „Тесла“ сега е околу 184 милијарди американски долари, што е за 4,3 милијарди повеќе од „Тојота“ „Тeсла“, компанијата за производство на автомобили на Илон Мaск, се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година. Според пазарната вредност, таа ја надмина „Тојота“ и стана највредниот производител на автомобили во светот. „Тојота“ …

„Тесла“ ја надмина „Тојота“, повредна и од „Дизни“ и „Кока Кола“ Read More »

Инфраструктурата ќе биде еден од врвните приоритети, велат од ВМРО-ДПМНЕ


Приоритет во инфраструктурата е изградба на автопати, експресни патишта, железничко поврзување со Бугарија и набавка на 5 нови патнички возови, соопшти денес ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека патната и железничката инфраструктура е суштинска не само за подобра комуникација на граѓаните, туку и за бизнис секторот. Оттука ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека следниот мандат токму инфраструктурата ќе …

Инфраструктурата ќе биде еден од врвните приоритети, велат од ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Кекеновски. Нашата коалиција ќе бара промена на Уставот за да се укине имунитетот на функционерите


Коалицијата „Никогаш северна, секогаш Македонија“ најави неколку свои краткорочни приоритети по изборите и верува дека може ги реализира во кусо време. Според Јове Кекеновски, коалицијата во првите триесет дена од нивниот избор, ќе побараат ургентни уставни промени со кои ќе биде укинат имунитетот на носителите на јавни фунции. „Говорам за имунитетот на пратениците, за имунитетот …

Кекеновски. Нашата коалиција ќе бара промена на Уставот за да се укине имунитетот на функционерите Read More »

Заев го повика ВМРО-ДПМНЕ да го поздрави усвојувањето на преговарачката рамка


Информацијата од Брисел дека ЕУ ќе го преведе целокупното европско законодавство на македонски јазик за Заев значи дека треба да престанат лагите „дека сме го загубиле јазикот“    Застанат пред носителите на изборните единици на СДСМ претседателот на партијата, Зоран Заев, утринава го повика ВМРО-ДПМНЕ „да се одважат и да го поздрават усвојувањето на предлог-преговарачката …

Заев го повика ВМРО-ДПМНЕ да го поздрави усвојувањето на преговарачката рамка Read More »

Македонец дарува матични клетки за пациент во Бугарија


Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена се спроведе колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен донор од нашата земја кој дарува за непознат пациент од Република Бугарија. Донорот врз основа на ХЛА компатибилноста е избран од Македонскиот регистар на донори на матични клетки при Институт за имунобиологија и хумана генетика, …

Македонец дарува матични клетки за пациент во Бугарија Read More »

На грчките аеродроми направени повеќе од 4.000 тестови за Ковид-19


Повеќе од 4.000 тестови за Ковид-19 биле направени на осум од 27-те грчки аеродроми што отворија вчера, заклучно со 20 часот синоќа, според информациите на грчката телевизија „Скај“, но веројатно ќе бидат повеќе со оглед на тоа дека специјалниот алгоритам согласно податоците на патниците предвидел дека треба да се направат над 5.600 тестови, јави дописничката …

На грчките аеродроми направени повеќе од 4.000 тестови за Ковид-19 Read More »

Ќучук: Македонија ќе избира за продолжување кон ЕУ или за враќање каде што беше пред три години


Во предизборието во Северна Македонија се одвиваат две концепциски  различни кампањи – за враќање на земјата каде што беше пред три години или да продолжи по патот кон Европската унија. Ова е оценката на бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Тој во изјава за бугарското Радио Фокус вели дека …

Ќучук: Македонија ќе избира за продолжување кон ЕУ или за враќање каде што беше пред три години Read More »

На хрватската сцена влегуваат нови политички „фајтери“


Во Хрватска е вообичаено двете најголеми и најмоќни партии,  Хрватската демократска заедница и Социјалдемократската партија да добиваат најголемо медиумско внимание во предизборната кампања.Пред влез во вториот круг од минатата претседателска трка и како надеж за дел од десничарскиот електорат, им се придружи и Мирослав Шкоро со своето „Домашно движење“. И покрај помалата „видливост“, забележително има …

На хрватската сцена влегуваат нови политички „фајтери“ Read More »

Илон Маск продава дел од имотот во Лос Анџелес за 62,5 милиони долари


САД– Основачот на компаниите Тесла и Спејс-Икс – Илон Маск продава четири од своите недвижни имоти во Лос Анџелес. Вкупната цена е 62,5 милиони долари. Американските медиуми претходно објавија дека Маск го продава имотот во елитната населба Бел Ер, и тоа за 29 милиони долари. Првичните информации говорат дека Маск договорил продажба на куќата на …

Илон Маск продава дел од имотот во Лос Анџелес за 62,5 милиони долари Read More »

Уништен споменикот на Хајле Селасие во Лондон


Споменикот на поранешниот лидер на Етиопија, Хајле Селасие, кој е лоциран во паркот во Вимблдон, е уништен, соопшти денеска лондонската полиција. Инцидентот се случил во вторникот вечерта, а полицијата го истражува случајот. Се претпоставува дека инцидентот е поврзан со убиството на популарниот етиописки пејач Хачалу Хундес. Тој е убиен на почетокот од недела, а поради …

Уништен споменикот на Хајле Селасие во Лондон Read More »

Твитер отстрани фотографија на „Њујорк Тајмс“ објавена од Трамп


САД – Твитер отстрани фотографија објавена од американскиот претседател Доналд Трамп откако весникот „Њујорк Тајмс“ се пожали дека со тоа им го повредил авторското право врз сликата. Трамп во свој твит од 30 јуни објави фотографија со коментарот „тие не ме бараат мене, туку тебе, а јас сум им на патот“. „Њујорк Тајмс“ се пожали …

Твитер отстрани фотографија на „Њујорк Тајмс“ објавена од Трамп Read More »

Врховниот суд на Турција ќе ја разгледа петицијата за пренамена на музејот „Аја Софија“ во џамија


Турција  – Највисокиот турски суд денеска ќе ја разгледа петицијата во која се бара музејот „Аја Софија“ во Истанбул да се пренамени во џамија, јави ДПА. „Света Софија“ била најголемата христинска црква, изградена во VI век од Византијците, а во џамија била претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од …

Врховниот суд на Турција ќе ја разгледа петицијата за пренамена на музејот „Аја Софија“ во џамија Read More »

Една позитивна вест по подолго време: Вчера имаше повеќе оздравени (123) од заболени – 120


Вчера по подолго време во државава има повеќе оздравени отколку заболени пациенти и тоа може да биде знак дека силината на вториот бран на епидемијата полека се намалува. Институтот за јавно здравје соопшти дека се регистрирани 123 оздравени пациенти, од кои во Куманово има најмногу – 92. Другите оздравени пациенти се во Скопје -17, Штип …

Една позитивна вест по подолго време: Вчера имаше повеќе оздравени (123) од заболени – 120 Read More »