Нов современ парк со детско игралиште во Аеродром


Почнаа градежните активности на паркот „Бојмија“. Жителите од овој дел на Аеродром ќе добијат нов современ парк со детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана.

Најавени дождови: УХМР тврди нема да има излевање на реките


Нема опасност од излевање на поголемите реки во земјава и покрај најавите за локални поројни врнежи дожд во наредните неколку дена, соопшти УХМР. Според Управата, доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер, можна е појава на слевање на вода …

Најавени дождови: УХМР тврди нема да има излевање на реките Read More »

Планот на Ердоган – Света Софија да ја претвори во џамија


Ердоган сака Света Софија, која сега е музеј, да ја претвори во џамија. Денеска судот треба да донесе одлука за намерата. Ова е обид на претседателот да поентира кај гласачите, но и план кој прави раздор во земјата. Пишува Ункер Пелин   Света Софија не само што е препознатлив знак на Истанбул, туку и најомилената …

Планот на Ердоган – Света Софија да ја претвори во џамија Read More »

Се степале старци во Ваташа


Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица – Кавадарци било пријавено дека на ул.„Страшо Пинџур“ во Ваташа , М.Ј.(73) физички бил нападнат од Д.Т.(80)  од Кавадарци. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тачи: Опцијата на нашата партија ќе победи на изборите


Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи во текот на вчерашниот ден остварил средба со граѓани на Гостивар, каде изразил уверување дека опцијата на неговата партија ќе победи на парламентарните избори закажани на 15 јули. Тачи го коментирал и кандидатот за премиер од Демократската унија за интеграција Насер Зибери, кого го нарече терорист. – …

Тачи: Опцијата на нашата партија ќе победи на изборите Read More »

Во Русија за еден ден преку 6,5 илјади заразени од Ковид-19


Во Русија денеска се пријавени 6.760 новозаразени со вирусот Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 661.165. Во изминатите 24 часа починаа 147 луѓе, а од почетокот на пандемијата во Русија како последица на коронавирусот починаа 9.683 луѓе.

Тетовчанец ранет по расправија со двајца жителите на Лавце


Тетовчанец на возраст од 40 години е ранет со огнено оружје по расправија со двајца жители на Лавце. Инцидентот се случил вчера околу 18:00 часот на улицата „Љуботенска“ во Тетово. – Во СВР Тетово, Р.М.(38) од Тетово пријавила дека на улица „Љуботенска“ во Тетово, со патничко возило „мерцедес“, со непознати регистарски ознаки дошле Н.Б.(31) и …

Тетовчанец ранет по расправија со двајца жителите на Лавце Read More »

Стапката на невработеност во Еврозоната се зголеми на 7,4 проценти


Стапката на невработеност во еврозоната се зголеми за 0,1 процентни поени во мај, што се должи на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирус, јави ДПА. Бирото за статистика на Европската унија, Евростат, денеска соопшти дека невработеноста во 19-члената евро-зона се зголемила на 7,4 отсто во мај – од 7,3 отсто во април. Стапката на невработеност …

Стапката на невработеност во Еврозоната се зголеми на 7,4 проценти Read More »

Заживува ли стопанството – минусот во Буџетот помал од очекуваниот


Вкупните приходи во Буџетот во јуни беа пониски за 9,6 отсто во однос на јуни минатата година, а во сценариото бевме подотвени за пад од 20 проценти, вели министерката Нина Ангеловска     Реализацијата на вкупните приходи во буџетот е подобра од очекувањата. Во јуни таа е пониска за 9,6 отсто во однос на јуни …

Заживува ли стопанството – минусот во Буџетот помал од очекуваниот Read More »

Џеф Безос го зголеми богатството, сега вреди рекордни 171 милијарда долари


Најбогатиот човек во светот – извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос стигна до нов, историски рекорд со својата финансиска состојба од 171,6 милијарди долари, објави „Блумберг“. Така, претходниот рекорд, постигнат на 4 септември 2018 година кога богатството на Безос изнесуваше 167,7 милијарди долари, сега е надминат. Тоа се случи благодарение на скокот на вредноста на …

Џеф Безос го зголеми богатството, сега вреди рекордни 171 милијарда долари Read More »

Во август ќе им се врати ДДВ на граѓаните што скенирале сметки


Управата за јавни приходи извести дека е заокружено второто тримесечје за поврат на ДДВ кај физичките лица. -Во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020  регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата мој ДДВ,  а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра. Повратот на 15% од искажаниот …

Во август ќе им се врати ДДВ на граѓаните што скенирале сметки Read More »

УНЦТАД: Јамајка, Тајланд и Хрватска со најголеми загуби во БДП поради туризмот


Хрватска се наоѓа на трето место меѓу 15 земји во светот чиј БДП би можел најмногу да настрада од загубите во туризмот, се наведува, меѓу другото во најновиот извештај на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНЦТАД). Според извештајот на главниот орган на Генералното собрание на ОН кое се занимава со трговија, инвестиции и …

УНЦТАД: Јамајка, Тајланд и Хрватска со најголеми загуби во БДП поради туризмот Read More »

Османи: Веднаш по изборите треба да почнат подготовки за пописот


Добро е да биде постигнат целосен консензус за законот за попис и да се пристапи кон негова подготовка веднаш по изборите, рече вицепремиерот Бујар Османи кој е и портпарол на ДУИ во врска со ставот на партијата за пописот. -Ние постигнавме на Влада и донесовме закон за попис што значи по прв пат имавме етничко …

Османи: Веднаш по изборите треба да почнат подготовки за пописот Read More »

Бразилски војници доставија заштитни маски на припадниците на племето Јаномами


Бразилските војници денеска им доставија заштитни маски на припадниците на племето Јаномами кое живее во Амазон. Денеска е втор ден од воените операции во областа, чија цел е заштита на домородното население на Бразил од Ковид-19. Јаноманците го сочинуваат домородното население на Бразил, кое живее во тропските шуми на Амазон, каде што е потврден коронавирусот …

Бразилски војници доставија заштитни маски на припадниците на племето Јаномами Read More »

Димитров: Колку се поголеми пречките, толку поголема ќе биде радоста


Шефот на дипломатијата Никола Димитров, по повод предавањето на предлог Преговарачката рамка од страна на Европската комисија вчера во Советот на ЕУ, се огласи на Фејсбук. -Зоран, за еден од големите предизвици на кои работевме заедно последниве три години ми рече: „Колку се поголеми пречките, толку поголема ќе биде радоста за успехот кога ќе ги …

Димитров: Колку се поголеми пречките, толку поголема ќе биде радоста Read More »

Индија надмина 600.000 заразени


Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Индија надмина 600.000 откако здравствените власти соопштија за нови 19.114 заразени во изминатите 24 часа. До денеска, во Индија се регистрирани 604.641 заразени лица, од кои околу 100.000 се пријавени во изминатите четири дена. Министерството за здравство на таа земја соопшти дека вкупно починале 17.834 лица. Во трите …

Индија надмина 600.000 заразени Read More »

Жбогар: Уште еден важен чекор на патот кон ЕУ


Европската комисија ја испрати предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ на разгледување од страна на земјите-членки. Ова е уште еден важен чекор на патот кон ЕУ. Ова го напиша на својот Твитер профил евроамбасадорот Самуел Жбогар, откако Европската комисија вчера ја предаде предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ. ЕК вчера ги предаде преговарачките …

Жбогар: Уште еден важен чекор на патот кон ЕУ Read More »

Адресните податоци за пратки со откупнина се задолжителни, предупредува Агенцијата за пошти


Евиденцијата за услугите со поштенските пратки со откупнина треба задолжително да ги содржи адресните податоци на примач и на испраќач, а отсуството на запис со целосни адресни податоци е непочитување на дозволата за работа и свесно помагање на сивата економија, и подлежи на санкции, укажува Агенцијата за пошти. Регулаторното тело на поштенскиот пазар констатира дека …

Адресните податоци за пратки со откупнина се задолжителни, предупредува Агенцијата за пошти Read More »

Гутереш му порача на Хафтар дека не може да има воено решение за конфликтот во Либија


Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш му порача на командантот на либиските источни сили Калифа Хафтар дека не може да има воено решение за конфликтот започнат во април минатата година против владата поддржана од ОН во Триполи, изјави денеска портпаролот на ОН, Стефан Дижарик. Дижарик рече дека Хафтар го повикал Гутереш телефонски и разговарале …

Гутереш му порача на Хафтар дека не може да има воено решение за конфликтот во Либија Read More »

Речиси 78 отсто Руси ги поддржале уставните реформи


Мнозинството граѓани на Русија гласале за уставните измени, кои ќе му овозможат на шефот на државата Владимир Путин да остане на власт со 2036 година. Централната изборна комисија соопшти денеска дека при обработени 99,99 отсто од гласовите, уставните реформи биле поддржани од 77,92 отсто Руси, а против се изјасниле 21,72 процента. Излезноста на еднонеделниот референдум, …

Речиси 78 отсто Руси ги поддржале уставните реформи Read More »