Димитров: Колку се поголеми пречките, толку поголема ќе биде радоста


Шефот на дипломатијата Никола Димитров, по повод предавањето на предлог Преговарачката рамка од страна на Европската комисија вчера во Советот на ЕУ, се огласи на Фејсбук.

-Зоран, за еден од големите предизвици на кои работевме заедно последниве три години ми рече: „Колку се поголеми пречките, толку поголема ќе биде радоста за успехот кога ќе ги надминеме!” Одиме напред!“, напиша Димитров на Фејсбук.

ЕК вчера ги предаде преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија до Советот на ЕУ, а содржината на рамките се објавува само откако таа ќе биде усвоена од страна на земјите членки во Советот. Преговарачките рамки се позицијата на ЕУ во преговорите за членство.