Во август ќе им се врати ДДВ на граѓаните што скенирале сметки


Управата за јавни приходи извести дека е заокружено второто тримесечје за поврат на ДДВ кај физичките лица.

-Во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020  регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата мој ДДВ,  а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра. Повратот на 15% од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август .

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.

Граѓаните кои имале погрешно наведени податоци а во меѓувреме ги коригирале односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање, стои во соопштението на УЈП.