Османи: Веднаш по изборите треба да почнат подготовки за пописот

Добро е да биде постигнат целосен консензус за законот за попис и да се пристапи кон негова подготовка веднаш по изборите, рече вицепремиерот Бујар Османи кој е и портпарол на ДУИ во врска со ставот на партијата за пописот.

-Ние постигнавме на Влада и донесовме закон за попис што значи по прв пат имавме етничко усогласување за начинот на кој што ќе се спроведе пописот. Бидејќи знаете дека во 2012 пропадна поради начинот на читање на законот од двете етнички заедници. И тој консензус се постигна, но не се постигна вкупниот политички консензус во Собрание за да го усвоиме законот. Јас мислам дека ова што го донесовме на Влада е добро решение кое што треба да се спроведе, меѓутоа би било добро сите да бидат вклучени во пописот. Така да би требало веднаш после изборите да почнеме со подготовките за органиизрање на пописот, рече Османи запрашан за ставот на ДУИ околу спроведувањето на пописот во земјава, и кои беа пречките што тој не се спроведе оваа пролет.