Една позитивна вест по подолго време: Вчера имаше повеќе оздравени (123) од заболени – 120


Фото: Б. Грданоски

Вчера по подолго време во државава има повеќе оздравени отколку заболени пациенти и тоа може да биде знак дека силината на вториот бран на епидемијата полека се намалува. Институтот за јавно здравје соопшти дека се регистрирани 123 оздравени пациенти, од кои во Куманово има најмногу – 92. Другите оздравени пациенти се во Скопје -17, Штип – 2, Прилеп – 1, Тетово – 4, Велес – 1, Кичево – 1, Ресен – 5.

Но бројката на заразени и натаму останува висока – 120. Министерството за здравство информираше дека  дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а дистрибуцијата на новите случаи на Ковид – 19 по градови изгледа вака: Скопје – 64, Куманово – 4, Дебар – 4, Штип – 2, Прилеп – 2, Тетово – 14, Струга – 5, Битола – 3, Охрид – 7, Гостивар – 2, Македонски Брод – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 5, Ресен – 5.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.454, бројката на оздравени пациенти е 2.598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.550.

Дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3.134, активни 2.049
• Куманово 760, активни 211
• Дебар 96, активни 44
• Штип 347, активни 160
• Прилеп 263, активни 37
• Тетово 714, активни 394
• Струга 225, активни 140
• Велес 186, активни 40
• Битола 54, активни 20
• Охрид 174, активни 150
• Кавадарци 18, активни 12
• Гостивар 122, активни 66
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 19, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 5, активни 3
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 30, активни 26
• Кичево 35, активни 29
• Ресен 108, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 954 теста се преку: ИЈЗ – 232, ЦЈЗ Скопје – 0, „Авицена“ – 109, „Биотек“ – 130, МАНУ – 110, „Жан Митрев“ -203, Судска медицина – 17, „Систина“ со PCR метод – 109, ЦЈЗ Битола – 43, лаборатории од странство – 1.
Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, хоспитализирани се 131 пациенти. На респираторна машина се 10 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со завчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 454
• Аеродром – 166
• Бутел – 173
• Гази Баба – 185
• Центар – 152
• Карпош – 170
• Сарај – 163
• Кисела Вода – 119
• Ѓорче Петров – 118
• Студеничани – 111
• Шуто Оризари – 87
• Арачиново – 52
• Илинден – 33
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 21
• Сопиште – 13
• Зелениково – 4
• Странец – 2
• Нераспределен- 7