Сончево и многу топло, температурата до 39 степени


Времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 13 до 23 степени, а дневната од 29 до 39 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло …

Сончево и многу топло, температурата до 39 степени Read More »

Наумоски: Универзална ќе се гради, прашањето е каде?


По бројните реакции од јавноста откако се најави дека Универзална сала ќе се урне, а на нејзино место ќе има парк, со мала сцена, на Фејсбук сргументира шефот на кабинет на градоначалникот на Скопје, Никола Наумоски. Еве ја целата негова аргументација, зошто одлуката Универзална да се урне и да с еизгради на друго место: Не …

Наумоски: Универзална ќе се гради, прашањето е каде? Read More »

Мицкоски тврди: Власта прави обид за купување на пратеници


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека власта на СДСМ прави обид за купување пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, посочувајќи дека на пратениците им се нудат разни повластувања и привилегии, вртоглави суми, како и амнестии за судски случаи. -Ја користам оваа можност во ова денешно интервју да проговорам отворено и за сето …

Мицкоски тврди: Власта прави обид за купување на пратеници Read More »

АВМУ ги отфрла критиките на ЗНМ


Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги категорично ги отфрла наводите на Здружението на новинари на Македонија дека директорот на Агенцијата, на седницата одржана на 15 јули се обидел да влијае на членовите на Советот, да донесат одлука на штета на телевизите Алсат-М и ТВ Телма. -Советот на Агенцијата, како што е утврдено …

АВМУ ги отфрла критиките на ЗНМ Read More »

„Репортери без граници“: Ѓукановиќ да не го потпише законот за медиуми во Црна Гора


Меѓународната организација  „Репортери без граници“ нагласува дека ќе биде уште еден удар врз слободата на медиумите во Црна Гора ако стапи во сила новиот Закон за медиуми. Тие го повикаа црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ да не го потпише законот. Обврската на новинарите да го откријат изворот, на барање на државниот обвинител, што е содржана во …

„Репортери без граници“: Ѓукановиќ да не го потпише законот за медиуми во Црна Гора Read More »

Ѓорѓиоски: Од лицата наведени во кривичната сум измамен и искористен


Финансиската полиција денеска поднесе кривични пријави против 11 физички и 14 правни лица, меѓу нив и поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски. Се работи за проневера од 2,4 милиони евра во ФФМ, за која е обвинет заедно со екс сметководителка на федерацијата, Олгица Младеновска и уште други девет физички и единаесет …

Ѓорѓиоски: Од лицата наведени во кривичната сум измамен и искористен Read More »

На Малта во група од 94 мигранти, 65 се позитивни на Ковид-19


Во група од 94 мигранти спасени на море и доведени на Малта, 65 се позитивни на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство на Малта. Тоа е најголемото жариште откриено на Малта од почетокот на епидемијата на коронавирусот што избувна на 7 март. Националноста на заразените се уште не е објавена. Министерството за здравство соопшти дека …

На Малта во група од 94 мигранти, 65 се позитивни на Ковид-19 Read More »

Ахмети-Холштеин: Да не се доцни со конституирање на институциите


Изборниот процес бил демократски и во согласност со меѓународните стандарди, а сега се очекува конституирање на Собранието и на Владата што поскоро, заклучиле на денешната средба во Тетово претседателот на ДУИ, Али Ахмети и германската амбасадорка, Анке Холштеин. -Предизвиците пред нас се големи, преговорите со Европската Унија, економското заздравување и соочувањето со пандемијата, но и …

Ахмети-Холштеин: Да не се доцни со конституирање на институциите Read More »

Скопје нема море, ама го има Вардар и фонтаните (галерија)


Скопје нема море ама го има Вардар. Не е проѕирен и син како морето, езерото или реката, често е заматен и со сомнителна кафена боја, ама во овие тропски горештини во Скопје ни е асоцијација на свежина, ни ги отргнува мислите од коронавирусот и од политиката. Одморот во Македонија стана мислена именка, иако го имавме …

Скопје нема море, ама го има Вардар и фонтаните (галерија) Read More »

ОН: Речиси 10.000 деца во светот умираат месечно од глад поради Ковид-19


САД–   Речиси 10.000 деца умираат месечно од глад поради пандемијата со Ковид-19. Тоа се должи на ограничувањата наметнати како мерки против ширење на коронавирусот, соопштија од ОН. Повеќе од 550.000 деца се неухранети секој месец. Четири агенции на ОН предупредуваат дека блокадите доведуваат до катастрофа. Светската здравствена организација, УНИЦЕФ, Светската програма за храна и Организацијата за …

ОН: Речиси 10.000 деца во светот умираат месечно од глад поради Ковид-19 Read More »

Почна продажбата на добиток за Курбан Бајрам во Гостивар


Сточарите и сопствениците на добиток од денеска започнаа со продажба на крупен и ситен добиток пред празникот Курбан Бајрам. Продажбата оваа година се одвива на локацијата позната како „сточен пазар“ во населбата Фазанерија. Локалната самоуправа за да овозможи поголем ред и да се одржува потребната чистота, уште минатата недела ја објави локацијата и апелираше до …

Почна продажбата на добиток за Курбан Бајрам во Гостивар Read More »

Европејците од почетокот на пандемијата трошат помалку и штедат повеќе


Белгија – Реалната потрошувачка на домаќинства по глава на жител во првиот квартал од 2020 година во земјите од еврозоната опадна за три проценти, а во целата Европска унија за 2,9 проценти, објави Евростат. Се наведува дека тоа е периодот кога во сила беа широки мерки за заштита од ширење на Ковид-19 и дека ова е најголем пад на потрошувачката …

Европејците од почетокот на пандемијата трошат помалку и штедат повеќе Read More »

Студии на германски научници: Повеќе од три четвртини пациенти опоравени од Ковид-19 развиле долгорочни проблеми со срцето


Две нови студии на германски научници укажуваат на тоа дека повеќе од три четвртини од пациентите кои неодамна закрепнале од Ковид-19 развиле долгорочни проблеми со срцето, дури и ако нивната состојба не барала хоспитализација. Резултатите од магнетната резонанца на срцето извршени на сто опоравени, лекарите ги споредиле со резултатите од ист тест извршен врз стотина …

Студии на германски научници: Повеќе од три четвртини пациенти опоравени од Ковид-19 развиле долгорочни проблеми со срцето Read More »

Македонија испраќа армиски вод во КФОР на Косово


Владата на денешната 78. седница  ја усвои Информацијата за учество на Република Северна Македонија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР. -Владата го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во јачина на еден вод и …

Македонија испраќа армиски вод во КФОР на Косово Read More »

Корона профитери


МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Очигледно, невидливиот и опасен непријател кај нас добил сојузници – корона профитери кои низ мизеријата на другите гледаат да остварат екстра приходи за себе. Такви се дел од работодавачите кои ја злоупотребиле поддршката за исплата на плати на вработените Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес излезе со шокантни информации – …

Корона профитери Read More »

Милошев: Штип нема да биде ставен во карантин


Штип нема да биде ставен во карантин и покрај секојдневните двоцифрените бројки на заразени. За тоа не е ниту разговарано на Комисијата за заразни болести, истакнаа на денешната прес-конференција државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. – Не размислуваме во овој момент за карантин и не гледаме …

Милошев: Штип нема да биде ставен во карантин Read More »

Караџовски: Состојбата не е алармантна, но ме загрижува непочитувањето на мерките


Непочитувањето на мерките, не носењето на маска, не држењето на физичко растојание е тоа што ги загрижува здравствените власти, вели Караџовски за ТВ21. „Имаме зголемен број на заболени во државата што е факт, непобитен факт имаме поголем број на починати лица меѓутоа состојбата е стабилна. Имаме болнички капацитети тие не се преполнети имаме резервни капацитети …

Караџовски: Состојбата не е алармантна, но ме загрижува непочитувањето на мерките Read More »

Судењето на Панчевски ќе продолжи во Велес, Апелација го одби барањето


Скопска Апелација го отфрли барањето на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, за изземање на Велешкиот суд и префрлање на предметот во Скопје. Според Апелацискиот суд, Судот во Велес е надлежен да му суди на Панчевски. Адвокатите на Панчевски, како и на претходните рочишта, бараа тој да излезе од притвор и да продолжи да се …

Судењето на Панчевски ќе продолжи во Велес, Апелација го одби барањето Read More »

Српските власти вршат истрага за перење на пари на познати новинари и невладини организации


Управата за спречување на перње пари при Министерството за финансии на српската влада направи список со 20 медиумски работници и 37 невладини организации и граѓански здруженија, со кој бара од банките да извршат увид во сите нивни трансакции во претходната година. Во барањето се наведува дека се бараат податоци со цел да се утврди дали …

Српските власти вршат истрага за перење на пари на познати новинари и невладини организации Read More »

Сменети кадрите на Чулев


 Со владина одлука денеска се поништени 20 решенија за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи во Министерството за внатрешни работи, донесени од 11 јуни до 24 јули 2020 година, со што работниците ќе се вратат на претходните работни места на кои биле распоредени. На денешната седница Владата го прифатила барањето на министерот за …

Сменети кадрите на Чулев Read More »