Сончево и многу топло, температурата до 39 степени


Фото: Б. Грданоски

Времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 23 степени, а дневната од 29 до 39 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со утринска температура до 18 степени, а дневна до 38 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

Во петок и особено во сабота претежно во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.