Караџовски: Состојбата не е алармантна, но ме загрижува непочитувањето на мерките


Непочитувањето на мерките, не носењето на маска, не држењето на физичко растојание е тоа што ги загрижува здравствените власти, вели Караџовски за ТВ21.

„Имаме зголемен број на заболени во државата што е факт, непобитен факт имаме поголем број на починати лица меѓутоа состојбата е стабилна. Имаме болнички капацитети тие не се преполнети имаме резервни капацитети тоа нешто што не загрижува е едно континуирано непочитување на мерките од страна на населението и нешто што постојано го кажуваме дека институциите што треба да контролираат треба да казнуваат мора да си ја завршат својата работа“, вели за ТВ21 епидемиологот Жарко Караџовски.