На Малта во група од 94 мигранти, 65 се позитивни на Ковид-19


Во група од 94 мигранти спасени на море и доведени на Малта, 65 се позитивни на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство на Малта.

Тоа е најголемото жариште откриено на Малта од почетокот на епидемијата на коронавирусот што избувна на 7 март. Националноста на заразените се уште не е објавена.

Министерството за здравство соопшти дека досега биле тестирани 85 мигранти, додека другите чекаат да бидат тестирани.