Во вториот квартал имало 120.214 помалку претплатници во мобилната телефонија


Заклучно со вториот квартал годинава во државава имало 1.777.194 активни претплатници во мобилната телефонија. Од нив 259.463 се деловни постпејд линии, додека кај резиденцијалните 851.325 претплатници се постпејд, а 666.406 припејд. Во однос на првиот квартал годинава бројот на претплатници во мобилната телефонија е намален за 120.214, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации …

Во вториот квартал имало 120.214 помалку претплатници во мобилната телефонија Read More »

Волстрит потона повеќе од 3 проценти поради стравот од нови ограничувања


На Волстрит во средата, цените на акциите паднаа нагло, трет ден по ред, поради стравот дека големиот раст на бројот на пациенти со корона вирус ќе доведе до сериозни ограничувачки мерки, а со тоа и ќе го забави закрепнувањето на светската економија. Индексот Дау Џонс потона 943 поени или 3,43 проценти на 26.519 поени, што …

Волстрит потона повеќе од 3 проценти поради стравот од нови ограничувања Read More »

Tри лица загинаа, а неколку се повредени при напад со нож во Ница


Вооружен маж со нож, уби три лица и повреди неколку други лица во црквата Нотр-Дам во Ница, пред да биде уапсен, јави дописникот на МИА. Веќе нема сомневање дека станува збор за терористички напад, бидејќи истрагата веднаш му беше доверена на антитерористичкото обвинителство од Париз. Нападот со нож се случил денеска во девет часот наутро …

Tри лица загинаа, а неколку се повредени при напад со нож во Ница Read More »

Хрватска никогаш како денеска: 2.776 заразени, 18 мртви


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани рекордни 2.776 новозаразени, а во истиот период починаа 18 пациенти со Ковид-19. Во моментот активни се 14.031. Од нив 985 пациенти се лекуваат во болница, а 71 се на респиратор. Од почетокто на пандемијата до денеска забележани се вкупно 43.775 заразени со корона вирус, а 511 …

Хрватска никогаш како денеска: 2.776 заразени, 18 мртви Read More »

Покрај ребалансот на Буџетот, пратениците ќе решаваат и за дел од мерките од четвриот пакет


По скратена постапка во Собранието се доставени законите од Министерството за финансии кои се во насока на реализација на мерките од четвриот пакет. На денешната 20-та седница на Собранието на дневен ред се покрај дополнетиот предлог Ребаланс и Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено економската …

Покрај ребалансот на Буџетот, пратениците ќе решаваат и за дел од мерките од четвриот пакет Read More »

Загриженост во Грција за зголемениот број нови случаи на Ковид-19, Јанина и Серес во мини карантин


Поради лошата епидемиолошка слика грчките градови Јанина и Серес од денеска се во црвената фаза (зголемена опасност) односно во мини карантин, а по вчерашните рекордни 1.547 случаи на Ковид-19 во Грција, постои загриженост и не е исклучена можноста за дополнителни рестрикции, пред сѐ во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Во Јанина и Серес, …

Загриженост во Грција за зголемениот број нови случаи на Ковид-19, Јанина и Серес во мини карантин Read More »

„Гилеад сајнс“ веќе заработи 900 милиони долари од „ремдесивир“


Антивирусниот лек „ремдесивир“, кој го примаат пациенти хоспитализирани поради КОВИД-19, веќе му донесе на производителот „Гилеад сајнс“ („Gilead Science“) заработка од речиси 900 милиони долари во третиот квартал. Благодарение на продажбата на производот, развиен за третман на хеморагична треска ебола, но без успех, групацијата ги зголемии кварталните приходи за 17 отсто на 6,58 милијарди долари. …

„Гилеад сајнс“ веќе заработи 900 милиони долари од „ремдесивир“ Read More »

ОЈО: Обвинение против 38-годишен скопјанец за извршени две разбојништва во аптеки


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 38-годишен скопјанец за две разбојништва со нож во аптеки на 10 и 16 септември годинава во Скопје. Обвинетиот, како што инфирмираат од ОЈО, на 10 септември, влегол во аптека на улица „Васил Главинов“ во Скопје и на вработената и се заканил со нож, барајќи да му ги …

ОЈО: Обвинение против 38-годишен скопјанец за извршени две разбојништва во аптеки Read More »

Форин полиси: Непростлив е молкот на САД околу заканите на Бугарија кон Македонија


Фокусот на Администрацијата на Трамп на решавање економски прашања на Балканот и замижувањето кон политичките, придонесе за влошување на односите меѓу некои земји уште од времето на војните пред две децении, објави синоќа Форин полиси.  Во анализата насловена „Како Трамп го изгуби Балканот“, од Едвард Џозеф, професор по менаџмент на конфликти во универзитетот „Џон Хопкинс“ …

Форин полиси: Непростлив е молкот на САД околу заканите на Бугарија кон Македонија Read More »

„Мајкрософт“ изненади со заработката благодарејќи на „облак“ решенијата и видео игрите


„Мајкрософт“ објави дека забележа добар квартал бидејќи пандемијата ја зголеми побарувачката за решенија во „облак“ (клауд) и видео игрите. Компанијата пријави приход од 37,2 милијарди долари за трите месеци што завршија во септември, што е далеку над прогнозата на аналитичарите од Волстрит за 35,8 милијарди долари. Приходите во сегментот на решенија за „облак“ на „Мајкрософт“ …

„Мајкрософт“ изненади со заработката благодарејќи на „облак“ решенијата и видео игрите Read More »

„Амазон“ пред празниците ќе вработи 100.000 сезонски работници 


Американската компанија „Амазон“ соопшти дека врабоптила 100.000 луѓе на одредено време поради пораст на нарачките преку интернет пред ноемвриските празници во САД. „Амазон“ до крајот на јуни 2020 година имаше повеќе од 875.000 вработени ширум светот. Конкрајот на јули, компанијата со седиште во Сиетл соопшти дела од март отворила уште 175.000 нови работни места од …

„Амазон“ пред празниците ќе вработи 100.000 сезонски работници  Read More »

Илхан Ќучук: Ако сега кажеме „не“, ги затвораме вратите


Слободанка Јовановска Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, бугарскиот либерал, Илхан Ќучук, очекува до крајот на декември сепак да се одржи првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија. Тој не гледа јасна бугарска позиција дека ќе се блокира Македонија, порачувајќи дека е важно прво да се донесе одлука за преговорите, а потоа да следи процес …

Илхан Ќучук: Ако сега кажеме „не“, ги затвораме вратите Read More »

Во Мексико пронајдени 59 тајно закопани тела


Остатоците од 59 тела беа откриени во тајно ископани јами во државата Гуанахуато во централен Мексико, кој бележи голема стапка на убиства поради војната на наркобандите. Најмалку 10 тела се женски, а повеќето припаѓале на многу млади луѓе, дури и на тинејџери, изјави Карла Квинтана, директорка на Националната истражна комисија на Мексико. Властите ги алармираа …

Во Мексико пронајдени 59 тајно закопани тела Read More »

Постигнат „компромис“ во ЕУ за барањата на Бугарија?


„Политико“ утринава јавува дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно бил постигнат некаков „компромис“ за да почне првата меѓувладина конференција меѓу Унијата и Македонија. Тоа го изјавил за „Политико“ еден висок дипломат на ЕУ. Што има во договорот? Според „Политико“ вака наводно изгледа постигнатиот  компромис што го понудила Софија: „Бугарија ќе …

Постигнат „компромис“ во ЕУ за барањата на Бугарија? Read More »

Ковид-19 ја уништи целата идеја за мала влада


КЕЈТ БЛАНШЕТ Ковид-19 направи едно нешто страшно јасно – владата не е иста со бизнисот. Улогата на владата е да го регулира и насочува сѐ покомплексниот социјален пејзаж. Бизнисот е само дел од тој пејзаж   Пред некој ден морав да одам во градот кај стоматолог. Облеков секаква убава облека како да одам на вечера …

Ковид-19 ја уништи целата идеја за мала влада Read More »

Најбогатиот Французин неодамна стана уште побогат


Франција – Најбогатиот Французин Бернар Арно, шеф на францускиот концерн за производство на скапоцена стока „Луј Витон Мое Хенеси“ (ЛВМХ), го зголеми минатата недела своето богатство за осум милијарди долари, во период на пораст на цената на акциите, пишува „Форбс“. Со тоа вкупното богатство на Арно изнесува 122 милијарди долари, но „Форбс“ напоменува дека таквите промени …

Најбогатиот Французин неодамна стана уште побогат Read More »

Уште седум обиненија за силување за порно ѕвездата Рон Џереми


Порно ѕвездата Рон Џереми беше обвинет во средата со дополнителни седум точки за силување и сексуален напад, со што бројот на неговите наводни жртви се искачи на 23, соопшти канцеларијата на обвинителот на округот Лос Анџелес. Џереми (67), едно од најголемите имиња во филмската индустрија за возрасни, првично беше обвинет во јуни за силување на …

Уште седум обиненија за силување за порно ѕвездата Рон Џереми Read More »

Едно од ретките места во светот без корона, ги забележа првите два случаи


  Маршалските острови, едно од последните места на светот недопрено од короната, ги забележаа првите два позитивни случаи на корона вирус, пишува Би-би-си. Владата на овој пацифички архипелаг објави дека двајца работници од САД се позивитни на корона вирус откако се вратиле од Хаваите во вторникот. Двојката допатувала со воен авион и од моментот на …

Едно од ретките места во светот без корона, ги забележа првите два случаи Read More »

Клои Кардашијан била позитивна на Ковид, се уште има последици


САД– ТВ-ѕвездата Клои Кардашијан откри дека била позитивна на Ковид-19 пред неколку месеци. Во новиот трејлер за следната епизода на најгледаното реално шоу во САД „Дружење со семејството Кардашијан“, 36-годишната дизајнерка на „Гуд Американ“ споделува дека била тешко болна од коронавирусот. Вели дека нејзините симптоми вклучувале повраќање и главоболки. Се чини дека се разболела на …

Клои Кардашијан била позитивна на Ковид, се уште има последици Read More »

Германија се подготвува да го заузда Ковид-19 пред Божик


Германската канцеларка Ангела Меркел побара нови драстични ограничувања, вклучително и затворање на секторите за одмор, спорт и храна и пијалоци, во разговорите за кризата со германските регионални лидери заради спречување на зголемен број заразени со коронавирус и спас на Божиќните празници. Предложените ограничувања, кои ќе стапат во сила од 4 ноември до крајот на месецот, …

Германија се подготвува да го заузда Ковид-19 пред Божик Read More »