„Мајкрософт“ изненади со заработката благодарејќи на „облак“ решенијата и видео игрите


„Мајкрософт“ објави дека забележа добар квартал бидејќи пандемијата ја зголеми побарувачката за решенија во „облак“ (клауд) и видео игрите.

Компанијата пријави приход од 37,2 милијарди долари за трите месеци што завршија во септември, што е далеку над прогнозата на аналитичарите од Волстрит за 35,8 милијарди долари.

Приходите во сегментот на решенија за „облак“ на „Мајкрософт“ достигнаа 13 милијарди долари, што е за 20 отсто повеќе од минатата година.

Заработката во тој квартал изнесува 1,82 УСД по акција, што надмина 1,55 УСД, како што прогнозираа аналитичарите, пренесува Си-Ен-Ен.