Хрватска никогаш како денеска: 2.776 заразени, 18 мртви

 

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани рекордни 2.776 новозаразени, а во истиот период починаа 18 пациенти со Ковид-19.

Во моментот активни се 14.031.

Од нив 985 пациенти се лекуваат во болница, а 71 се на респиратор.

Од почетокто на пандемијата до денеска забележани се вкупно 43.775 заразени со корона вирус, а 511 починаа. Оздравеа 29.233 лица, а од нив 1.463 во последните 24 часа.

Во самоизолација се 21.592 лица.