Можно затворање и на шопинг моловите и границите


Нема простор за паника, но мора да се почитуваат препораките и одлуките на надлежните институции и Владата. Не е исклучена можноста за затворање на шопинг моловите, но и на државните граници во зависност од тоа во која насока ќе се движи состојбата, порача министерот за здравство во вечерашното гостување на Нова ТВ во кое одговараше …

Можно затворање и на шопинг моловите и границите Read More »

Македонски концепт поднел кривична пријава против вработени во ДИК


Движењето Македонски концепт поднело тужба против вработени во ДИК откако на социјалните мрежи биле објавени неговите независни кандидатски листи, не само со имињата на кандидатите, туку и со адресите и матичните броеви. Кривичната пријава во Јавното обвинителство ја поднел подносителот на листата Петар Богојески, а е насочена против непознати сторители. Во Македонски концепт имаат информација …

Македонски концепт поднел кривична пријава против вработени во ДИК Read More »

Први случаи на коронавирус во Косово, Судан, Гвинеја, Етиопија и Кенија


Косово денеска ги потврди првите случаи на коронавирус. Косовските власти објавија дека се заразени 20-годишна Италијанка и 77-годишен маж. „Нивната состојба е стабилна“, кажа министерот за здравство Арбен Витија. Црна Гора е единствената од Европа која засега нема случаи на коронавирус, владата најави дека од претпазливост ќе ги забрани сите јавни и приватни собири и …

Први случаи на коронавирус во Косово, Судан, Гвинеја, Етиопија и Кенија Read More »

Во Хрватска заразено дете во градинка од коронавирус


Информативната служба на Градот Загреб соопшти дека од коронавирус е заразено едно дете во градинка во хрватскиот главен град. Градинката ќе биде затворена 14 дена, а 119 деца и шеснаесет вработени ќе бидат во самоизолација. Родителите, чии деца ја посетувале градинката, во моментот се известуваат за мерките кои се должни да ги преземат. Во Хрватска …

Во Хрватска заразено дете во градинка од коронавирус Read More »

Владата прогласи кризна состојба на дел од државата – затворање на граничните премини Џепиште – Требиште и Блато


Покрај прогласувањето на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, ќе се затворат граничниот премин Џепиште – Требиште и граничниот премин Блато, како и Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово. Оваа одлука ја донесе Владата на денешната 18 седница на која го разгледала Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во …

Владата прогласи кризна состојба на дел од државата – затворање на граничните премини Џепиште – Требиште и Блато Read More »

(Видео) Мерките мора да се почитуваат – вирусот не е шега


Министерот за здравство Венко Филипче, повикува на морал од секој од нас. Вели дека ова не е шега и дека секој од нас, за свое добро и доброто на најблиските треба да се придржува до мерките за заштита од корона вирусот донесени од Владата. https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/223203032200803/

Во Италија уште 240 починати од корона вирусот за еден ден


Италијанскиот весник „Ла република“ вечерва ги објави новите податоци од епидемијата на корона вирусот кои покажуваат дека за последниве 24 часа бројот на мртвите се зголемил за 240 лица. Со тоа бројот на починатите од почетокот на епидемијата се искачи на 1.266. Според овие податоци, бројот на заболените се зголемил за повеќе од 2.000 лица …

Во Италија уште 240 починати од корона вирусот за еден ден Read More »

Изборните листи на коaлицијата на СДСМ


Изборна едница 1 НИКОЛА ДИМИТРОВ МИЛА ЦАРОВСКА ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ МОНИКА ЗАЈКОВA ДАРКО КАЕВСКИ ГОРАН МИСОВСКИ КАСТРИОТ РЕЏЕПИ МАРИЈА ГЕОРГИЕВСКА МИРОСЛАВ БОГДАНОВСКИ СНЕЖАНА КАЛЕСКА-ВАНЧЕВА ДИМЕ ВЕЛКОВСКИ АНЕТА СИМЕСКА-ДИМОСКА ДАНИЕЛА НИКОЛОВА МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌ ФЕРАТИ ВАХИТ БИЉАНА ГЕОРГИЕВСКА ФЕЈЗУЛА ЈОНУЗ НАТАЛИЈА СПИРОВСКА ДАЛИБОР БОГДАНОВСКИ БОЈАНА АЦЕВА   Изборна единица 2 ОЛИВЕР СПАСОВСКИ САЊА ЛУКАРЕВСКА МУХАМЕД ЗЕКИРИ ДАНИЕЛА МАРКОСКА …

Изборните листи на коaлицијата на СДСМ Read More »

Со каква тактика Јужна Кореја го спречи ширењето на вирусот


Јужна Кореја и Италија речиси во исто време ги добија првите заразени пациенти. Како властите во Сеул успеаја да ја ограничат заразата, а Италија не   Милано/Сеул – Во Италија милиони се заклучени и повеќе од 1.000 луѓе умреа од корона вирусот. Во Јужна Кореја, погодена од оваа болест во исто време, само неколку илјади …

Со каква тактика Јужна Кореја го спречи ширењето на вирусот Read More »

Од понеделник учениците и децата ќе учат преку МРТВ


Основците и децата на претшколска возраст од понеделник ќе имаат можност да следат едукативни содржини на трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ, изведени од наставните програми по кои тие во моментов се едуцираат во училиштата и градинките, кои пак, се привремено затворени со одлука на Владата како дел од мерките за заштита на јавното …

Од понеделник учениците и децата ќе учат преку МРТВ Read More »

Италија и Шпанија го ограничуваат краткотрајното тргување на берзите


Италија и Шпанија во четврток го ограничија тргувањето со акции за да го спречат остриот пад на цените во услови на стравувања од епидемија на корона вирусот. Цел на регулаторите беше краткотрајната продажба односно таканаречената шорт-селинг (short-selling) практика, кога трговците позајмуваат акции во очекување нивните цени да се намалат, потоа ги продаваат и ги купуваат …

Италија и Шпанија го ограничуваат краткотрајното тргување на берзите Read More »

Шпанија најави прогласување вонредна состојба


Владата на Шпанија денеска ќе прогласи вонредна состојба поради пандемијата на коронавирусот. Секој момент се очекува вонредно обраќање на премиерот Педро Санчез. Состојбата на подготвеност, како што соопштија локални телевизии, претставува прв од трите степени на вонредна состојба во земјата. Првата фаза ќе трае 15 дена, за кое време ќе се прават подготовки за евентуална …

Шпанија најави прогласување вонредна состојба Read More »

Манчевски: Документи се достапни електронски – не одете по шалтери


Најчесто бараните документи ќе можат да се добијат по електронски пат. Да ги избегнеме чекањата по шалтери, апелираше денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на попладневната прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче. Во насока на сите мерки што ги презема Владата за спречување на Ковид 19, апелираме до сите граѓани кои …

Манчевски: Документи се достапни електронски – не одете по шалтери Read More »

И бразилскиот претседател заразен од корона вирусот


Локалните бразилски медиуми објавија дека претседателот на државата, Жаир Болсонаро, бил позитивен на тестот за корона вирусот. Болсонаро беше минатата недела на средба со американскот претседател Доналд Трамп во неговото одморалиште во Флорида, Мар-а-Лаго. Претходно беше објавено и дека неговиот главен советник за комуникации е заболен од Ковид-19. Засега нема информации дали Трамп е тестиран …

И бразилскиот претседател заразен од корона вирусот Read More »

Сите собири со повеќе од 100 луѓе се забранети во Франција


Францускиот премиер Едуар Филип, во интервју за телевизијата ТФ1, соопшти дека собирите со повеќе од 100 луѓе се забранети, јави дописникот на МИА. – Ние сме на почетокот на забрзување на вирусот, рече Едуард Филип, објаснувајќи дека мерките што се преземаат во моментов се „мерки за спречување“. Но, за да оди подалеку, тој најави дека …

Сите собири со повеќе од 100 луѓе се забранети во Франција Read More »

Коронавирусот брзо се шири во Словенија – вкупно заразени 141 лице


Словенечките здравствени власти објавија дека само од синоќа до сега се потврдени 44 нови случаеви на коронавирус. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие новoзаразени вкупната бројка на инфицирани се зголеми на 141. Најголем пораст на заболени има во Љубљана и околината. Според последните информации, четворица пациенти се во критична здравствена состојба. …

Коронавирусот брзо се шири во Словенија – вкупно заразени 141 лице Read More »

Фон дер Лајен: Пандемијата на коронавирусот е тест за луѓето и економијата


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот претставува „тест за луѓето и економијата“ и оцени дека ЕУ ќе издржи таков „шок“ под услов да е „одлучна, координирана и обединета“. – Сите земји-членки треба да знаат дека не е можно да се запре вирусот, но она што е најважно …

Фон дер Лајен: Пандемијата на коронавирусот е тест за луѓето и економијата Read More »

Кризна состојба во Дебар и Центар Жупа – четири нови случаи


Владата одлучи да прогласи кризна состојба во Општините Дебар и Центар Жупа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Состојбата на тројцата заболени од Дебар е тешка, а кај една пациентка дополнително се влошила. Филипче рече дека е на граница да биде поставена на механичка респирација. Дополнително четири нови случаи има заболени од корона вирус во …

Кризна состојба во Дебар и Центар Жупа – четири нови случаи Read More »

СДСМ претстави листи на искусни политичари и нови кандидати


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, претсатвувајќи ги денеска кандидатските листи на Коалицијата „Можеме“ изјави дека тоа биле „120 имиња на одговорни и угледни граѓани кои ја сакаат својата татковина, граѓани кои се подготвени да се вклучат во процесот на позитивните промени, граѓани спремни да работат за доброто на граѓаните и државата“. „Во изборната единица …

СДСМ претстави листи на искусни политичари и нови кандидати Read More »