Словенечкото езеро Блед целосно поцрвене


Езерото Блед, кое е едно од најпознатите туристички места во Словенија доби комплетно црвена боја. Eзерото уште пред еден месец почнало да добива црвена боја, но последниве денови тоа целосно поцрвене.Според биолозите ова се доlжи на брзото размножување на цијанобактериите во езерото.

Почнува средбата на експертите за изборите


Откако лидерите решија дека треба да се одложат  предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, се договори и средбата на експертскиот тим што требаше да го формира претседателот Стево Пендаровски и кој треба да најде правна основа како да се одлоѓат старите, да се распишат нови избори и како да се прогласи евентуално вонредна состојба. …

Почнува средбата на експертите за изборите Read More »

Ако продолжат верските собири Филипче ќе предложи нивна забрана


Погребите да се прават во кругот на семејството, да не се посетуваат бањско климатски лекувалишта, домовите за стари лица да го намалат бројот на нови лица за згрижување, граѓаните да не ангажираат мајстори за реновирање, апелираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче повторувајќи ја препораката за избегнување места со поголем број луѓе како …

Ако продолжат верските собири Филипче ќе предложи нивна забрана Read More »

Димитров: Веројатно дигитален ќе биде состанокот за влез во следната фаза на евроинтеграциите


Шефот на дипломатијата Никола Димитров во овие, како што рече, исклучително вонредни кризни околности не сака да дава прогнози за тоа дали ќе добиеме зелено светло за датум за почеток на преговори со Унијата, но напомена дека не гледа суштински пречки конечно да влеземе во следната фаза од евроинтеграциите. Тој денеска на заедничката прес-конференција со …

Димитров: Веројатно дигитален ќе биде состанокот за влез во следната фаза на евроинтеграциите Read More »

Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен од утре на полноќ


Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен утре од полноќ, за патнички летови, сè до следното известување, согласно одлуката на Владата од синоќешната седница за спречување на внесување и ширење на корона вирусот, соопшти денеска концесионерот ТАВ Македонија. Оттаму ги информирале сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, којашто М-НАВ ја објави во НОТАМ – …

Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен од утре на полноќ Read More »

МВР: Од утре изменето работно време на отсеците за управни работи


Во насока на почитување на заклучоците, мерките и препораките на Владата, а со цел превенција од ширење на коронавирусот, Отсеците за управни работи и Одделението за управни работи Скопје во состав на Одделот за граѓански работи при МВР, започнувајќи од утре, среда ( 18 март.) ќе работат со изменето работно време. Како што соопшти МВР, …

МВР: Од утре изменето работно време на отсеците за управни работи Read More »

Филипче: Пикот за околу месец дена, се очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19


Министерот за здравство Венко Филипче очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19 и за месец дена да биде пикот на болеста, но не препорачува граѓаните тоа да го сфатат здраво за готово бидејќи се базира на претпоставки. -Секоја вироза има пик по што се намалува бројот на заболени. Тешко е да …

Филипче: Пикот за околу месец дена, се очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19 Read More »

Свадба за време на коронавирус: И ти биди невеста со маска


Хрватска (Глориа. хр) – Маските во целиот свет станаа составен дел од живеењето, а сега е и моден додаток во кризните времиња. Ѝ текна на хрватската дизајнерка Весна Претковиќ, и ги украси излозите во својот салон во Загреб со невести во венчаници кои носат маски. -Ситуацијата со короната е неизвесна и ова се само неколку …

Свадба за време на коронавирус: И ти биди невеста со маска Read More »

(ВИДЕО) Заев побарал вонредна состојба, експерти ќе решаваат за изборите


Лидерот на СДСМ Зоран Заев побарал од претседателот Стево Пендаровски да формира експертски тим кој ќе бара решение како да се најде правна основа за одлагање на изборите, за нивно повторно закажување и за прогласување на вонредна состојба.  Според Заев со Уставот се пропишани слободи и права на граѓаните кои можат да се ограничат само …

(ВИДЕО) Заев побарал вонредна состојба, експерти ќе решаваат за изборите Read More »

НБМ ги чува парите во карантин пред повторно да ги пушти во оптек


Заради заштита на здравјето да се намали употребата на готовина, апелира Народната банка и препорачува банките да ги намалат провизиите за безготовински трансакции   Народната банка на Македонија уште еднаш апелира граѓаните помалку да користат готови пари особено сега во време на заканата од корона вирусот. „Со оглед на тоа што готовината се смета за …

НБМ ги чува парите во карантин пред повторно да ги пушти во оптек Read More »

ДПА ја напушти лидерската средба, биле декор


Орхан Ибраими, кој ја преставуваше ДПА на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски , си излезе пред таа да заврши бидејќи се чувствувале како декор во однос на македонските партии. -Како албанска политичка партија сме декор за овие институции и за земјата. Одлуките се однапред донесени, порача Ибраими откако си излезе од лидерската средба.

УНХЦР: Во Германија десет бегалци и азиланти заразени со новиот коронавирус


Швајцарија – Помеѓу бегалците и барателите на азил во Германија потврдени се 10 случаи на новиот коронавирус, соопшти денеска УНХЦР. – Според податоците од утрово во Германија има десет потврдени случаи помеѓу бегалците и барателите на азил, изјави портпаролот на УНХЦР, Андреј Махечич. Тој додаде дека инфицираните лица со Ковид-19 се во Минхен, Берлин и Хајделберг. …

УНХЦР: Во Германија десет бегалци и азиланти заразени со новиот коронавирус Read More »

Филипче: Подготвени сме да ги примиме сите пациенти, групен карантин за 200 патници


Вкупно има 26 пациенти заболени од корона вирус, од кои 17 во Скопје, а 9 во Дебар, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Од новите случаи, еден од пациентите е сместен на Инфективната клиника во Скопје, а другите се уште дома, но во текот на денот ќе бидат донесени на Инфективна. Дополнително …

Филипче: Подготвени сме да ги примиме сите пациенти, групен карантин за 200 патници Read More »

Евро 2020 се одлага за 2021 година


Шпанија – Европското фудбалско првенство 2020 е одложено за 2021 година поради ширењето на коронавирусот, пренее „АС“. Информацијата беше потврдена и во Норвешката фудбалска федерација. Покрај тоа, порака за одложување на турнирот ја објавија многу светски медиуми. УЕФА сè уште не даде официјална потврда за оваа информација. Поради коронавирусот прекинати се националните првенства во речиси сите …

Евро 2020 се одлага за 2021 година Read More »

Заразените хрватски лекари криеле дека биле на скијање во Австрија


Хрватска– Шефот на Клиничко болничкиот центар Ребро во Загреб Анте Ќорушиќ изјави дека дел од лекарите кои се заразија со новиот коронавирус биле на скијање во Австрија, а по враќањето тоа го сокриле. – Ќе бидат санкционирани. Досега тројца се заразени, уште една личност ги чека резултатите од тестот. . Три проценти од вработените во …

Заразените хрватски лекари криеле дека биле на скијање во Австрија Read More »

ЕУ воспоставила ограничувања за извоз на медицинска опрема


Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Ана Писонеро, изјави дека Европската унија разгледува начини за поврзување на Западен Балкан со иницијативите кои ЕУ ги презема во борбата за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека сега е време за солидарност, а не за „неосновани обвинувања“. -Тесната координација и соработката на регионално ниво и со ЕУ се …

ЕУ воспоставила ограничувања за извоз на медицинска опрема Read More »

И Унгарија ги затвора границите, нашинци има заглавено и во Перу


Министерот за надворешни работи Никола Димитров, изјави денес дека според информациите што ги има и Унгарија ќе ги затвори границите со што враќањето на македонските граѓани кои се уште се наоѓаат во странство дополнително ќе се отежне. Тој рече дека уште чека потврда за информацијата и повторно апелираше до сите наши граѓани да ги одложат …

И Унгарија ги затвора границите, нашинци има заглавено и во Перу Read More »

Литургии на отворено препорача Скопската епархија


Канцеларијата на Скопската православна епархија покрај веќе препорачаното од страна на Македонската православна црква-Охридска архиепископија за територијата на Скопската православна епархија, донесе повеќе мерки за заштита од корона вирусот. Парохиските свештеници треба да прекинат со водосвети по домовите, а традиционалниот водосвет во пресрет на празникот Велигден, за оваа година да се помести по Светлата недела, Светата …

Литургии на отворено препорача Скопската епархија Read More »