УНХЦР: Во Германија десет бегалци и азиланти заразени со новиот коронавирус


Швајцарија – Помеѓу бегалците и барателите на азил во Германија потврдени се 10 случаи на новиот коронавирус, соопшти денеска УНХЦР.

– Според податоците од утрово во Германија има десет потврдени случаи помеѓу бегалците и барателите на азил, изјави портпаролот на УНХЦР, Андреј Махечич.

Тој додаде дека инфицираните лица со Ковид-19 се во Минхен, Берлин и Хајделберг.

Махечич апелираше до надлежните органи да постапуваат кон бегалците и барателите на азил заболени од новиот коронавирус исто како кон своите државјани.