Свадба за време на коронавирус: И ти биди невеста со маска

Хрватска (Глориа. хр) – Маските во целиот свет станаа составен дел од живеењето, а сега е и моден додаток во кризните времиња. Ѝ текна на хрватската дизајнерка Весна Претковиќ, и ги украси излозите во својот салон во Загреб со невести во венчаници кои носат маски.

-Ситуацијата со короната е неизвесна и ова се само неколку прототипа. Доколку заразата ескалира ќе нудиме поголем избор на елегантни маски, доколку свадбите се одржуваат, објасни дизајнерката.

Секоја идна невеста подложи на протокол пред влезот на салонот. Прво мора да ги мијат рацете, па да ги дезинфицираат со антиспетик и потоа да стават гумени ракавици. И персоналот е заштитен и од клиентите мора да биде на растојание од два до три метра.