Бројот на невработени Во Австрија пoради пандемијата постојано расте


Од почетокот на спроведувањето на ограничувањата за слобода на движење – 16 март, бројот на невработени во Австрија се зголеми за 138.000. Директорот на Службата за вработување, Јоханес Копф, изјави дека биле отпуштени 115.600 луѓе до понеделникот, а сега тој број пораснал за уште 23.000. Најголем број има во гастрономијата, повеќе од 47.000, по што …

Бројот на невработени Во Австрија пoради пандемијата постојано расте Read More »

Пожар во ТВ ВИС во Струмица


Рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна во Струмица, објави ТВ канал Вис, а се опожарени дел од нивните простории. Во пожарот се зафатени телевизиското студио и техниката, но гореа и останатите субјекти сместени во зградата. Противпожарната екипа е сѐ уште на терен и се обидуваат да го локализира пожарот.

Куманово без јавен сообраќај, се затвораат и фабрики


Забрана за влез и излез со јавен превоз, редуцирање или затворање на фабриките и продавниците, дополнителни медицински тимови и поголем број на тестирања, ќе се применуваат од денеска во Куманово како дел од зајакнатите мерки што ги донесе Владата за запирање на заканата од коронавирусот. Укинат е градскиот и меѓуградскиот патнички и железничкиот јавен превоз. …

Куманово без јавен сообраќај, се затвораат и фабрики Read More »

Со чартер летови ќе се враќаат граѓаните заглавени во странство


Со чартер летови до скопскиот аеродром треба да бидат вратени во земјава повеќето од македонските државјани во странство кои побарале помош од МНР. Тие ќе треба да си ги платат авиобилетите и да прифатат да поминат во карантин 14 дена што го покрива државата. Јавниот повик до авиокомпаниите да се организираат чартер летовите ќе го …

Со чартер летови ќе се враќаат граѓаните заглавени во странство Read More »

Земјотрес од 7,8 на Курилските Острови, објавена опасност од цунами


Спасувачки тимови евакуираат жители на севернокурилскиот остров Парамушир поради опасност од цунами, причинето од земјотрес со интензитет од 7,8 степени, јавија руски медиуми. Според нив, наредбата ја дале властите во Сахалинската област. Спасувачките тимови го носат жителите на островот на повисоките места.  

Северна Македонија ги започнува преговорите за членство со ЕУ


Европската Комисија во наредните денови треба да започне да ја изготвува преговарачката рамка за преговорите помеѓу ЕУ и Северна Македонија, одлучија вчера министрите за европски прашања на Унијата. Ова е првиот неопходен чекор пред одржувањето на првата меѓувладина конференција, со која се означува отворањето на првото поглавје, или според новата методологија првиот „кластер“. По година …

Северна Македонија ги започнува преговорите за членство со ЕУ Read More »

САД: Постигнат е договор за огромен пакет помош


Претставниците на Белата куќа и Сенатот постигнаа договор рано утрово, со кој е предвидена огромна помош на деловните субјекти, работниците и системот на здравствена заштита, најмногу погодени од пандемијата на новиот коронавирус. Тоа е исто така најголемата мерка за спасување на економијата во американската историја и е наменета како повеќенеделна или повеќемесечна „помош за економијата“ …

САД: Постигнат е договор за огромен пакет помош Read More »

Четврта жртва на Ковид-19 во Србија


Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска изјави дека 65-годишна жена од Ниш починала од последици од новиот коронавирус. Тој додаде дека таа е четврта жртва од Ковид-19 во Србија. – Таа беше нерегулиран дијабетичар и беше на респиратор од 21 март. Лекарите направија се, но не успеаја да и помогнат, посочи Лончар. Тој уште …

Четврта жртва на Ковид-19 во Србија Read More »

Подморничкиот екипаж знае најмногу за изолацијата: Ова се нивните совети!


  Ако некој знае што е изолација, тоа сигурно се овие луѓе. Еве неколку совети, како времето побрзо да ви помине во изолација. Рутина, рутина, рутина… Рајан Ремзи помина повеќе од 20 години во британската морнарица и беше командант на нуклеарната подморница „ХМС Турбулент“. Тој ја истакнува важноста на структурата во дневниот распоред. – Брзо …

Подморничкиот екипаж знае најмногу за изолацијата: Ова се нивните совети! Read More »

НБМ со укажување до банките: добивката од 2019 да ја искористат за зголемување на капиталот


Дали годинава банките ќе делат дивиденди? Ова прашање се наметнува откако кризата со корона вирусот ги промени и економските текови во земјава и ги соочи и граѓаните и правните лица со огромна неизвесност. Колкави штети ќе претрпи стопанството допрва ќе се прават пресметки, но од Народната банка, која го регулира банкарскиот сектор во земјава, велат …

НБМ со укажување до банките: добивката од 2019 да ја искористат за зголемување на капиталот Read More »

Две добри вести од ЕУ во еден ден – почеток на преговори и 66 милиони евра помош


Две добри вести од Европската Унија во еден ден за Македонија – првата е што конечно е донесена одлука за пристапни преговори со Унијата; и втората што блокот ќе одвои 66 милиони евра за помош на нашата земја за борба против корона вирусот. Вестите за паричната помош ги соопшти вечерва амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар …

Две добри вести од ЕУ во еден ден – почеток на преговори и 66 милиони евра помош Read More »

Што побара ЕУ од Албанија за да можат да почнат преговорите


Денешната одлука на европските министри за почнување на процесот на преговори со Унијата беше едногласна за Македонија. Но за Албанија, и покрај зеленото светло, се поставени повеќе услови кои мора да ги исполни земјата за да се закаже првата меѓувладина конференција. На тој начин ЕУ им излезе во пресрет и на бројните поддржувачи на проширувањето …

Што побара ЕУ од Албанија за да можат да почнат преговорите Read More »

Тинекс го промени работното време и ги зајакна мерките за заштита од вирусот


Ланецот на маркети Тинекс воведе ново работно време со цел почитување на најновите мерки за ограничување на движењето на граѓаните, кои беа преземени од страна на Владата за борба против ширење на вирусот COVID-19. Според измените, почнувајќи од вчера (23ти март), Тинекс маркетите секој ден ќе работат од 8 до 19 часот, освен во недела …

Тинекс го промени работното време и ги зајакна мерките за заштита од вирусот Read More »

САД може да станат епицентар на пандемијата на корона вирусот


Трамп размислува да ги укине ограничувањата, гувернерот на државата Њујорк предупредува дека тоа ќе чини многу животи   Њујорк – САД би можеле да станат нов центар на глобалната пандемија на корона вирусот, соопшти Светската здравствена организација, која рече дека бројките на случаи брзо растат таму, дури и откако Доналд Трамп зборуваше за повторно отворање …

САД може да станат епицентар на пандемијата на корона вирусот Read More »

ВМРО негаторска


Македонија од денес е држава со перспектива, која ги остварува двете најважни стратегиски цели за кои работеше три децении. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму се храни со популизам, па и сега порачува дека доаѓало времето кога тие ќе нѐ направат горди. Како и во оние 11 години   СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Дури ни епидемијата со корона вирусот не …

ВМРО негаторска Read More »

(Видео) Градоначалниците во Италија губат трпение: Ќе ви пратиме полицајци со фрлачи на пламен


Италијанските градоначалници, револтирани од фактот дека граѓаните не ги почитуваат мерките пропишани за сузбивање на корона вирусот, почнаа да објавуваат снимки за да ги вразумат. „Мора да сте дома, не смеете да бидете овде. Не гледајте ме така, мора да одите дома, не е дозволено да сте надвор. Ајде!“, вика градоначалникот Антонио Декаро на граѓаните …

(Видео) Градоначалниците во Италија губат трпение: Ќе ви пратиме полицајци со фрлачи на пламен Read More »

Димитров: ЕУ иницијално ќе ни помогне со 69 милиони евра заради кризата од корона вирусот


Европската унија ќе и додели на нашата земја иницијална помош во износ од 69 милиони евра за справување со кризата предизвикана од епидемијата со корона вирусот, рече вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју на ТВ Телма. „Од тоа, 4 милиони евра се за итна поддршка на здравствениот систем, околу 50 милиони евра …

Димитров: ЕУ иницијално ќе ни помогне со 69 милиони евра заради кризата од корона вирусот Read More »

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и кога е криза


Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска остро, па дури и гневно, ги демантираше наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека за само четири дена Министерството за одбрана потрошило 1,4 милиони денари за патувања и ручеци. Нарекувајќи ги лаги. Опозицијата уште наведе дека властите за четири дена за време на кризата со короната потрошиле осум милиони денари за патувања, …

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и кога е криза Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на ЕУ, тие ќе ја внесле Македонија во Унијата


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со кусо соопштение ја поздрави „позитивната одлука на Советот на министри на ЕУ, го очекуваме и датумот за првата за првата меѓувладина конференција со земјите-членки на ЕУ“. Во соопштението се наведува: „Како што се посочува и од самата Унија потребно е да се исполнат голем број реформи, особено во правосудството, борба против корупцијата, …

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на ЕУ, тие ќе ја внесле Македонија во Унијата Read More »

Во Италија пак расте бројот на починати од корона вирусот, 743 за 24 часа


Дводневниот позитивен тренд на опаѓање на бројот на жртви од коронавирусот во Италија денеска е прекинат, со оглед на тоа што за 24 часа починаа 743 лица, пренесуваат италијанските медиуми. Досега во Италија од овој вирус починаа вкупно 6.820 лица. Исто така во пораст е и бројот на активни случаи на заразени лица, за 3.612, …

Во Италија пак расте бројот на починати од корона вирусот, 743 за 24 часа Read More »