Клиниките од следната недела ќе примаат редовни пациенти


Од следната недела најверојатно ќе бидат во функција клиниките за да можат да ги примаат редовните пациенти, според однапред утврдени протоколи, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање кога ќе се нормализира јавното здравство за да може да прима редовни пациенти. Рече дека се уште се подготвуваат капацитетите на клиниките, затоа што …

Клиниките од следната недела ќе примаат редовни пациенти Read More »

Позитивни резултати од нов дијагностички тест финансиран од ЕУ


Европската Комисија соопшти дека еден од проектите што ги финансира во рамките на борбата против коронавирусот веќе дава позитивни резултати, а станува збор за брз дијагностички тест, јави дописничката на МИА од Брисел. Тестот под име „ХГ нКоВ19„ е еден од осумнаесетте проекти финансирани од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020 и е …

Позитивни резултати од нов дијагностички тест финансиран од ЕУ Read More »

Попладне и во текот на ноќта поројни врнежи од дожд и засилен ветер


Попладнево и вечерва, како и во текот на ноќта се очекуваат поројни врнежи од дожд, придружувани со засилен ветер и локално во форма на невреме, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Кај поголемите водотеци, како што информираат, не се очекуваат појави на излевање на водата од речните корита, ниту, пак, поголемо зголемување на нвниот …

Попладне и во текот на ноќта поројни врнежи од дожд и засилен ветер Read More »

Епидемиолошката анкета треба да покаже кој ги заразил седумте полицајци


На денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова потврди дека се регистрирани седум полицајци заболени од Ковид-19, а се проверуваат 39 контакти кои тие ги имале во Скопје. – Како се заразиле и кој е нултиот пациент, тоа ќе го покаже епидемолошката анкета. Таа е во тек …

Епидемиолошката анкета треба да покаже кој ги заразил седумте полицајци Read More »

Совет од Исак Адижес: Меѓусебна доверба и почит е клучот за надминување на кризата


М6 Едукативниот Центар организираше бесплатно предавање за македонската јавност со д-р Исак Адижес, еден од најценетите консултанти на држави и компании во светски рамки. Онлајн предавањето на реномираниот бизнис и организациски консултант, д-р Исак Адижес на тема „Менаџирање во време на криза и што потоа“ предизвика огромен интерес во јавноста, особено кај претприемачите и носителите …

Совет од Исак Адижес: Меѓусебна доверба и почит е клучот за надминување на кризата Read More »

Дачиќ: Србија ги отвора границите, чека одговор од соседите


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија ќе ги отвори своите граници со Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија од 1 јуни, но дека официјален Белград чека потврда од тие земји дали нивните граници ќе бидат отворени за српските граѓани. -Нивните граѓани ќе можат да влезат во Србија, но …

Дачиќ: Србија ги отвора границите, чека одговор од соседите Read More »

Монтажните шатори во Клиничкиот центар се размонтирани заради ризик од уништување


Министерот за здравство Венко Филипче денеска образложи дека во рамки на монтажната болница се отстранети само шаторите, поради ризик од оштетување. – Демонтирани се шаторите од Армијата, тоа беше модел, капацитет, што најбрзо можевме да го имаме на располагање. За среќа во ниеден момент не ни требаше. Во меѓувреме со швајцарската донација се поставија бараките …

Монтажните шатори во Клиничкиот центар се размонтирани заради ризик од уништување Read More »

Членовите на ДИК барале дополнителни одговори за мерките за избори


Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска присуствувале на еден дел од состанокот на Комисијата за заразни болести на која ги изнеле своите размислувања и поставиле дополнителни прашања во врска со протоколите за избори. Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во следите денови Комисијата ќе одговори на прашањата на членовите на Комисијата, а …

Членовите на ДИК барале дополнителни одговори за мерките за избори Read More »

Завршен новиот паркинг на Клиничкиот центар, направени се неколку нови улици и влезови во кампусот


Во Клиничкиот центар е завршен новиот паркинг што се наоѓа на местото на поранешната Клиника за гинекологија, направен е посебен влез за возила на итната медицинска помош до Ургентниот центар на хирургија, направени се повеќе нови улици кои ги спојуваат веќе постојните, се работи на уште неколку нови влезови во Клиниката, а, како што најави …

Завршен новиот паркинг на Клиничкиот центар, направени се неколку нови улици и влезови во кампусот Read More »

ЗНМ, ССНМ, СЕММ, против предизборно финансирање на медиумите


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Независниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) сметаат дека Владата треба да се воздржи од избрзани и недоволно обмислени решенија во медиумската сфера, особено во период на предизборие. Економската криза предизвикана од коронавирусот, стои во соопштението од ЗНМ, ССНМ …

ЗНМ, ССНМ, СЕММ, против предизборно финансирање на медиумите Read More »

Угостителските објекти ќе бидат отворени најрано во вторник


Угостителските објекти ќе се отворат на почетокот на следната недела, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој појасни дека тие ќе се отворат во вторник ако Комисијата за заразни болести ја донесе одлуката в петок. -Доколку не биде донесена одлука в петок, отворањето на угостителските објекти сигурно ќе биде во текот на првите денови од …

Угостителските објекти ќе бидат отворени најрано во вторник Read More »

Одобрен пакетот помош за Македонија и другите соседни земји на ЕУ


Советот на ЕУ попладнево го одобри пакетот финансиска помош за десет соседни земји, меѓу кои и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Пакетот помош изнесува над три милијарди евра макрофинансиска помош за земјите од Западниот Балкан, плус Грузија, Јордан, Молдавија, Тунис и Украина. Северна Македонија треба да добие 160 милиони евра помош. Најголем …

Одобрен пакетот помош за Македонија и другите соседни земји на ЕУ Read More »

ОБСЕ за случаите на СЈО: Деловните и службените патувања не треба да ги одлагаат судењата


Оценката на ОБСЕ е дека судиите во случаите на СЈО се премногу толерантни и ги прифаќаат различните барања на странките во однос на предлагањето докази   Слободанка Јовановска Иако СЈО веќе не постои, ОБСЕ го објави третиот извештај за текот на судските случаи што ги покрена ова обвинителство. Генералниот заклучок е дека бројот на завршените …

ОБСЕ за случаите на СЈО: Деловните и службените патувања не треба да ги одлагаат судењата Read More »

Коморите бараат „туристички балон“ за Западен Балкан, а од ЕУ да ги укине заштитните мерки за увоз на челик


Коморскиот инвестициски форум (КИФ) во кои се вклучени стопанските комори од земјите на Западен Балкан, покрена иницијатива земјите од регионот да бидат изземени од примената на заштитните мерки за увоз на челик во ЕУ, соопшти денес во видео обраќање Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија. Коморскиот инвестициски форум исто така го …

Коморите бараат „туристички балон“ за Западен Балкан, а од ЕУ да ги укине заштитните мерки за увоз на челик Read More »

Колку се богати кралицата Елизабета и кралското семејство?


Aнглија– Со векови, Парламентот го држи најголемиот дел од службената моќ во Велика Британија, но првото семејство на Велика Британија сè уште владее. Никогаш не е толку очигледно отколку кога некој од членовите на семејството слави пресвртница, како кралска свадба или роденден. Една неодамнешна пресвртница беше принцот Хари и Меган Маркл кога се повлекоа од …

Колку се богати кралицата Елизабета и кралското семејство? Read More »

Филипче: Уште е рано за отворање на границите


Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека се уште е рано да се отворат границите затоа што, според него, доколку се отворат огромен дел од мерките и бенефитите на националните стратегии можно е да паднат во вода. Филипче смета дека отворање на границите треба да биде координирано со соседните земји. Појасни дека …

Филипче: Уште е рано за отворање на границите Read More »

Угостителите бараат да бидат пријавени со полно работно време, К-15 и бенефициран стаж


Синдикатот за угостителство и туризам при Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се реши статусот на угостителските работници, да бидат пријавени со полно работно време и да им бидат платени прекувремената работа и работата за време на празник согласно Законот за работни односи. – Бараме да се изнајде начин сите работници од нашите сектори да …

Угостителите бараат да бидат пријавени со полно работно време, К-15 и бенефициран стаж Read More »

ЕБОР покрена програма за подобро информирање на малите и средни претпријатија во ЈИЕ


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) лансираше посебна истражувачка програма за поддршка на развојот на мали и средни претпријатија во шест земји од Југоисточна Европа, меѓу кои и Северна Македонија, преку создавање поголема јавната достапност до инвестициски анализи и со што ќе се пополни информациската празнина од овој вид содржини за компаниите во регионот. …

ЕБОР покрена програма за подобро информирање на малите и средни претпријатија во ЈИЕ Read More »

Со ваучери од 3.000 до 30.000 денари ќе се поддржат средношколците и студентите


Три типа парична поддршка за средношколци, студенти и млади до 29 години, најави денеска министерот за образование Арбер Адеми. Како што кажа тој, станува збор за ваучери, во рамки на третиот сет економски мерки. Првиот тип на ваучер, со еднократен износ до 6.000 денари ќе се доделува за студенти и средношколци од семејства со ниски …

Со ваучери од 3.000 до 30.000 денари ќе се поддржат средношколците и студентите Read More »

Рекорден број на смртни случаи од Ковид-19 во Русија


Во изминатите 24 часа во Русија, од последици од Ковид-19 починаа 135 лица, што е најголем број починати од почетокот на епидемијата во таа земја. Здравствените власти информираа за вкупно 2.972 смртни случаи, додека бројот на заразени се искачи на 308.705 лица, откако во последното деноноќие беа регистрирани 8.764 нови случаи, што пак е најниско …

Рекорден број на смртни случаи од Ковид-19 во Русија Read More »