Епидемиолошката анкета треба да покаже кој ги заразил седумте полицајци


На денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова потврди дека се регистрирани седум полицајци заболени од Ковид-19, а се проверуваат 39 контакти кои тие ги имале во Скопје.

– Како се заразиле и кој е нултиот пациент, тоа ќе го покаже епидемолошката анкета. Таа е во тек и кога ќе се заврши во целост ќе ја имаме информацијата каде и кога започнала инфекцијата. Засега, информацијата која ја имате Вие, ја имаме и ние – изјави директорката Сотирова Бухова на новинарско прашање.

Државениот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 12 до 18 мај реализирал 286 инспекциски надзори со фокус на приватни и јавни здравствени установи, домови за стари лица, а во врска со почитување на протоколите за заштита на медицинскиот персонал за прием и постапување со инфицирани пациенти од корона вирус. Издадени се 395 дозволи на транспортери за професионални возачи со цел да се обезбеди непречена достава на стоки во време на пандемија.