Во Србија 86 нови случаи, двајца починаа


Според податоците на Министерството за здравство денеска во Србија забележани се нови 86 случаи на заразени со корона вирус, а тестирани се 6.918 лица. Двајца починале од последиците од Ковид-19, што е вкупно 237 смртни случаи од почетокот на пандемијата. На респиратор се 12 лица, а во болница 743 пациенти.

Шефот на Кризниот штаб на Сицилија приведени поради корупција околу медицинската опрема


На Сицилија уапсени се 10 мажи, меѓу кои и шефот на кризниот штаб на Сицилија, поради примање мито во висина од 1,8 милиони евра за медицинска опрема и договори за услуги, соопшти денеска италијанската полиција. Договорите, за кои наводно било примено мито, се во вредност од 600 милиони евра, јавува Би Би Си. Градоначалникот на …

Шефот на Кризниот штаб на Сицилија приведени поради корупција околу медицинската опрема Read More »

Руската војска испратена во рудник за злато во Сибир, каде има ново жариште на Ковид-19


Руска војска е испратена во Сибир за да го запре ширењето на новиот коронавирус во жариштето кое се појави во најголемиот рудник за злато во земјата, каде што, според првичните тестови, заразени се најмалку 400 работници. Министерството за одбрана на Русија објави дека поставувањето на шаторски камп за сместување до 2.000 вработени во четиринаесетдневната карантин …

Руската војска испратена во рудник за злато во Сибир, каде има ново жариште на Ковид-19 Read More »

ОБСЕ најде апсурди во судските процеси на СЈО


Има многу парадокси во судењата оценува ОБСЕ – од купиштата материјални „докази“ до тоа обвинетите да прават сѐ за да се развлечат судењата место да имаат поефикасно судење   Кои се причините што толку долго траат процесите околу предметите на СЈО и што има само четири целосно завршени случаи, беше тема во најновиот извештај на …

ОБСЕ најде апсурди во судските процеси на СЈО Read More »

Собирање во групи причина за многуте заболени во Тетовско


Тетово – Собирањето на луѓето во групи и непридржувањето до мерките и во тетовскиот регион е причината за драстичното зголемување на бројката на заболени со Ковид-19 и создавањето на нови кластери. Вака ја окарактеризира големата бројка на нови заболени Наим Скендери специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје во Тетово. „Денеска имаме 10 нови случаи …

Собирање во групи причина за многуте заболени во Тетовско Read More »

(Видео) Се отстрануваат реклами за повеќе место за пешаци и велосипедисти


Градот Скопје почнува акција за ослободување на јавниот простор во време на корона и се придружува на семејството европски и светски градови кои за време на пандемијата ослободија големи простори за потребите на пешаците и на велосипедистите, за подобар проток на воздух во урбаната средина и за повеќе зеленило. Со оваа акција, во наредниот период …

(Видео) Се отстрануваат реклами за повеќе место за пешаци и велосипедисти Read More »

Мартовската нето плата 26.422 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2020 година изнесувала 26.422 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 7,4 отсто. Бруто платата, пак, била 39.437 денари што е раст од 8,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна …

Мартовската нето плата 26.422 денари Read More »

Со фондови на ЕУ нова судница во „Идризово“ и реконструкција на затворот во Битола


Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија вчера го означи комлетирањето на два проекта од ИПА 2 програмата за поддршка на правосудството во земјата, при што е отворена нова судница во затворот „Идризово“ и реконструкција на затворот во Битола. Министерката за правда Рената Дескоска заедно со шефот за соработка во ЕУ Делегацијата Никола Бертолини и директорот …

Со фондови на ЕУ нова судница во „Идризово“ и реконструкција на затворот во Битола Read More »

Корона дијалози за туризмот и угостителството


Третата тема од серијалот Корона дијалози „Влијанието на новите предизвици од пандемијата врз туризмот и угостителството“ се одржа во услови кога пандемијата затвори многу економски активности, а први на удар беа секторите во угостителството и туризмот. Во отворена дискусија покрај главните говорници, во Дијалогот се вклучија професори, туристички работници и студенти од ФТУ кои изразија …

Корона дијалози за туризмот и угостителството Read More »

Решението за екстра лесната нафта вклучува и подобрување на нејзиниот квалитет


Анализата за акцизата на екстра лесното гориво е изработена од Царинската управа и очекуваме во текот на следната недела да имаме заеднички состанок и да ги погледнеме резултатите и од таму да преземеме соодветни чекори за системски решенија, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска. Ангеловска нагласи дека се работи за проблем, односно нешто што …

Решението за екстра лесната нафта вклучува и подобрување на нејзиниот квалитет Read More »

Платежните картички и средствата граѓаните ќе ги добијат во периодот јуни-јули


Платежните картички и средствата граѓаните очекуваме да ги добијат во периодот јуни-јули, како што стои во пакетот, додека ваучерите за туризам граѓаните би ги добиле јуни, најдоцна јули, а предвидено е да се користат до крајот на 2020 година, соопшти денеска на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска, нагласувајќи дека уредбите за користење на овие …

Платежните картички и средствата граѓаните ќе ги добијат во периодот јуни-јули Read More »

Нови 40 случаи со Ковид-19, почина пациент од Прилеп, излекувани 11 пациенти


Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 40 нови случаи со Ковид-19, починал пациент од Прилеп лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје од 12 мај, а излекувани се 11 пациенти: во Скопје двајца, во Штип еден, во Прилеп четири, во Велес два и во Кочани два. Во …

Нови 40 случаи со Ковид-19, почина пациент од Прилеп, излекувани 11 пациенти Read More »

Министерот Чулев со ребалансот на Буџетот ги скратил трошоците во МВР за 88 милиони денари, немало предлог за парична награда


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев предложил кратење на трошоците во МВР за 88 милиони денари кога се изработувал ребалансот на Буџетот, а барањето за зголемување на платите стигнало неколку дена откако ребалансот бил усвоен, изјави денес министерката за финансии Нина Ангеловска на прес конференција, одговарајќи на прашањето како го коментира барањето на Чулев за …

Министерот Чулев со ребалансот на Буџетот ги скратил трошоците во МВР за 88 милиони денари, немало предлог за парична награда Read More »

Со платежните картички нема да може да се подигнува готовина


Со платежните картички кои ќе ги добијат околу 100 илјади граѓани како мерка за справување со последиците од корона кризата нема да може да се подигнува готовина од банкоматите, туку тие ќе служаат исклучиво за безготовинско плаќање, рече денес министерката за финансии Нина Ангеловска на прес конференција, одговарајќи на прашање на новинарите. Таа објасни дека …

Со платежните картички нема да може да се подигнува готовина Read More »

Пендаровски: Потребно е будење на колективната и индивидуалната свест, како и солидарност во општеството за климатска акција


Оваа онлајн конференција се одржува во време на глобалната пандемија на Ковид-19, која јас мислам не само што не треба да нè дефокусира од адресирањето на климатските промени, туку може да ни даде и нова перспектива за согледување на ова прашање, рече претседателот Стево Пендаровски во он лајн обраќањето на јубилејната меѓународна конференција за европски …

Пендаровски: Потребно е будење на колективната и индивидуалната свест, како и солидарност во општеството за климатска акција Read More »

ОБСЕ: Процесот „Тенк“ за Груевски е пример дека може да се одговара за корупција и криминал


  Мисијата на ОБСЕ наведува дека „пресудата беше добро образложена и јасно ги презентираше доказите на кои судот им дал верба, при утврдувањето на вината на обвинетите“   Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во својот Конечен извештај за случаите под надлежност на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наведува дека процесот „Тенк“, во кој му се судеше …

ОБСЕ: Процесот „Тенк“ за Груевски е пример дека може да се одговара за корупција и криминал Read More »

Нуредини: Соработка со граѓански здруженија за прогласување на Шар Планина за национален парк


Потребна е соработка и силно партнерство на институциите со граѓанските здруженија и сите засегнати чинители за да се заштити природното наследство на Шар Планина, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој најави дека до крајот на септември треба да се достави до Владата Нацрт-законот со кој се прогласува Шар Планина за …

Нуредини: Соработка со граѓански здруженија за прогласување на Шар Планина за национален парк Read More »

Скопјанец извршил полово дејствие врз негово 12-годишно вонбрачно дете


Скопското обвинителство поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 39 години  за кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, информираат од ОЈО Скопје. -Обвинетиот,  на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 …

Скопјанец извршил полово дејствие врз негово 12-годишно вонбрачно дете Read More »

Руска академија на науките: Ситуацијата со Ковид-19 е непредвидлива


Ситуацијата со новиот корона вирус во Русија и понатаму е непредвидлива, предупреди претседателот на Руската академија на науките, Александер Сергејев, додавајќи дека фактот што стапката на смртност се уште не се намалува, предизвикува сериозна загриженост. – Ситуацијата е многу непредвидлива ако се земе предвид развојот на епидемијата. Првиот пристап кон ублажување на мерките на карантин …

Руска академија на науките: Ситуацијата со Ковид-19 е непредвидлива Read More »