Во Србија 86 нови случаи, двајца починаа

Според податоците на Министерството за здравство денеска во Србија забележани се нови 86 случаи на заразени со корона вирус, а тестирани се 6.918 лица.
Двајца починале од последиците од Ковид-19, што е вкупно 237 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
На респиратор се 12 лица, а во болница 743 пациенти.