Министерот Чулев со ребалансот на Буџетот ги скратил трошоците во МВР за 88 милиони денари, немало предлог за парична награда

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев предложил кратење на трошоците во МВР за 88 милиони денари кога се изработувал ребалансот на Буџетот, а барањето за зголемување на платите стигнало неколку дена откако ребалансот бил усвоен, изјави денес министерката за финансии Нина Ангеловска на прес конференција, одговарајќи на прашањето како го коментира барањето на Чулев за награда за припадниците на МВР поради ангажманот во сузбивањето на корона кризата.

„Ваквото барање за кратење на трошоците не кореспондира со неговото подоцнежно барање“, рече Ангеловска, додавајќи дека при конципирањето на ребаланост на Буџетот за прв пат Министерството за финансии не излегло со свои предлози за кратење туку тоа им било оставено да го направат по свое видување сите буџетски корисници.

Таа нагласи дека сите што биле вклучени во борбата против пандемијата, во прв ред здравствените рабоници кои биле во првата линија, но и другите, како полицијата, армијата, пожаникарите, инспекциските служби, и тн. заслужуваат да бидат наградени кога за тоа ќе се создадат услови. (М.Ј.)