Шефот на Кризниот штаб на Сицилија приведени поради корупција околу медицинската опрема


На Сицилија уапсени се 10 мажи, меѓу кои и шефот на кризниот штаб на Сицилија, поради примање мито во висина од 1,8 милиони евра за медицинска опрема и договори за услуги, соопшти денеска италијанската полиција.

Договорите, за кои наводно било примено мито, се во вредност од 600 милиони евра, јавува Би Би Си.

Градоначалникот на Палермо, Леолука Орландо оцени дека станува збор за „исклучително сериозен корумпиран систем“.

Шефот на кризниот штаб на Сицилија за одговор на новиот коронавирус  Антонио Кандела, во моментов е во куќен притвор.

Властите наредија и заплена на седум компании во Сицилија и Ломбардија, поврзани со обвиненијата.