Циклонот над Србија бил силен како термонуклеарна бомба


Невремето пропратено со град што зафати делови од Србија имаше енергија на термонуклеарна бомба, а против таа природна непогода беа истрелани 990 противградни ракети, изјави директорот на српскиот Републички хидрометеоролошки завод (РХЗО), Југослав Николиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Николиќ истакна дека невремето, што ја зафати Србија пред два дена и кое …

Циклонот над Србија бил силен како термонуклеарна бомба Read More »

Хрватска ја повикала ЕК да ја објави преговарачката рамка за Македонија


Aмбасадорката  Нивес Тигањ го информираше премиерот Оливер Спасовски дека Хрватска доставила допис до Европската Комисија дека во јуни треба да биде поставена преговарачката рамка за Северна Македонија, со што ќе се отвори патот за првата меѓувладина конференција која треба да го означи почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Премиерот Спасовски ја оцени како исклучително …

Хрватска ја повикала ЕК да ја објави преговарачката рамка за Македонија Read More »

Граѓаните со нереални сметки за струја да поднесат претставка до РКЕ


 Граѓаните чии сметки за електрична енергија не соодветствуваат со реалната потрошувачка, и истите не се корегирани од ЕВН, можат да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која има надлежност да постапува во овие случаи, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. – Граѓаните  можат самостојно …

Граѓаните со нереални сметки за струја да поднесат претставка до РКЕ Read More »

Индонезиска зоолошка градина ќе жртвува животни за да ги нахрани месојадците


Управата на зоолошката градина во градот Бандунг на индонезискиот остров Јава соопшти дека наскоро ќе треба да жртвува некои животни од зоолошката градина за да ги нахрани месојадците кои се на работ на глад. Поради воведување на рестриктивни мерки, зоолошката градина беше затворена на 23 март и на тој начин остана без приходи од посети, …

Индонезиска зоолошка градина ќе жртвува животни за да ги нахрани месојадците Read More »

Извлечен автомобилот што падна во Вардар, во него нема луѓе


Екипите на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР претпладнево го извлекоа автомобилот што падна во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата Аџибадем Систина. Станува збор за автомобил „фолскваген поло“ и според првичните сознанија во него нема луѓе. Автомобилот беше извлечен со помош на сајли што, преку водите на Вардар, ги поставија спасувачките …

Извлечен автомобилот што падна во Вардар, во него нема луѓе Read More »

Црни денови за туризмот: пад на приходите од најмалку 200 милиони долари и загуба од 2.000 – 20.000 работни места


До август – септември масовно е откажувањето на аранжманите, а има и драстичен пад на бројот туристи кои се очекуваат од странство. На повеќето компании од туризмот и угостителството ќе им требаат најмалку шест месеци до една година да се опорават ако епидемијата со коронавирусот заврши до крајот на 2020-та, покажува најновата студија за ефектите …

Црни денови за туризмот: пад на приходите од најмалку 200 милиони долари и загуба од 2.000 – 20.000 работни места Read More »

„Виталиа“ инвестира во еколошки производен објект, нови 50 работни места


Компанијата „Виталиа“ ја отпочна реализацијата на инвестицискиот проект за изградба на целосно нов објект од над 700 квадратни метри. Како резултат на овие активности, ќе се создадат услови за отворање на речиси 50 нови работни места што ќе опслужуваат две производствени линии – едната за екструдирање, а другата за производство на житни барови. – Пандемијата …

„Виталиа“ инвестира во еколошки производен објект, нови 50 работни места Read More »

Димковски: 5.000 земјоделци ќе треба да подигнат карички за „зелена нафта“


Зголемувањето на поддршката за „зелена нафта“ од досегашните 30 отсто на 50 проценти не е поради изборите, туку поради коронакризата. На земјоделците овие средства им се најпотребни сега, во овој период, за да бидат што поконкурентни, зашто и цената на нафтата изминатите два месеца забележа пад, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан …

Димковски: 5.000 земјоделци ќе треба да подигнат карички за „зелена нафта“ Read More »

„Оксфам“ поради финансиски проблеми престанува со работа во 18 земји


„Оксфам“, една од водечките светски организации за пружање помош, ќе ја намали својата работа поради ограничените финансиски ресурси. Ова вклучува и целосен прекин на нејзините активности во 18 земји и затворање на 1.450 работни места. Организацијата, која моментно работи во 66 земји и чија глобална работа е координирана преку 20 подружници во светот,  преку соопштение …

„Оксфам“ поради финансиски проблеми престанува со работа во 18 земји Read More »

Велика Британија работи на нов 20-минутен тест за Ковид-19


Министерството за здравство на Велика Британија го објави почетокот на истражувањето на новиот тест за Ковид-19, со кој ќе бидат потребни само 20 минути за да се добијат резултати. Пробите на новиот тест, кој открива дали луѓето го имаат вирусот или не, започнаа во Хемпшир. Министерството соопшти дека новиот метод на тестирање „се покажа дека …

Велика Британија работи на нов 20-минутен тест за Ковид-19 Read More »

Автомобил падна во Вардар кај болницата „Аџибадем Систина“


 Во тек е акција за извлекување на автомобил кој паднал во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата Аџибадем Систина. Екипи на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР поставуваат сајли за извлекување на возилото. Засега не се знае дали има луѓе во возилото.

Најмногу жртви во еден ден во Русија од почетокот на епидемијата


Во Русија во последните 24 часа од последиците на корона вирусот починаа 150 лица, што е најголем број жртви во еден ден во земјата. Вкупниот број жртви во Русија е 3.249. Новозаболени има 8.894, што е седми ден под 10.000, пренесе Тас. Вкупно заразени до сега се 326.448, а според податоците на штабот за превентивни …

Најмногу жртви во еден ден во Русија од почетокот на епидемијата Read More »

Трамп: Нема да ја затвориме земјата во случај на втор бран


  Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека во случај на втор бран зараза од Ковид-19 нема да воведе карантин и да ја затвори земјата. „Имаме намера да го изгаснеме огнот, нема да ја затвораме земјата“, рече Трамп. До оваа изјава доаѓа истовремено со ублажување на рестриктивните мерки кои фи презедоа 50 американски држави, меѓу кои …

Трамп: Нема да ја затвориме земјата во случај на втор бран Read More »

Париз: Казни и апсења за време на протест на лекари


Најмалку 50 здравствени работници се казнети, а тројца се уапсени, за време на протест пред болницата „Робер Дебре“ во Париз. Демонстрантите барале поголема парична помош за болниците, кои, според француските медиуми, имаат финансиски проблеми, а полицијата интервенирала бидејќи, наводно, биле прекршени мерките за физичка дистанца. Полицијата во еден момент побарала демонстрантите да заминат, а на …

Париз: Казни и апсења за време на протест на лекари Read More »

Држава во црква и џамија


РУМЕНА БУЖАРОВСКА Можеби грешам кога велам дека МПЦ и ИВЗ се над државата. Можеби тие и се државата. Како поинаку да ја објаснам дозволата на техничкиот премиер за лапање на лажички за Велигден? Дали верувам дека реисот на ИВЗ навистина нема да пркоси на владините одредби и дека за тоа нема да биде казнет?   …

Држава во црква и џамија Read More »

Повредени возач и мотоциклист, излетале од коловозот


Во две одделни сообраќајни незгоди еден возач излетал со автомобилот од коловозот, како и еден моторџија, кој исто така излетал од коловозот, а двајцата се повредени и пренесени во болница. Во четвртокот, околу 15 часот на регионалниот пат Градско – Неготино, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од …

Повредени возач и мотоциклист, излетале од коловозот Read More »

Владетелот на Чеченија, Рамзан Кадиров, заразен од корона вирусот


Рамзан Кадиров, силниот владетел на Чеченија, е во болница во Москва со симптоми на корона вирус, соопштија руските државни новински агенции доцна во четвртокот. Веста беше соопштена од две руски државни новински агенции, РИА Новости и Тасс, и двете повикувајќи се на „извор во медицинските кругови“. Ако е точно, тој би бил највисокиот руски функционер …

Владетелот на Чеченија, Рамзан Кадиров, заразен од корона вирусот Read More »

Приливите од дознаки во Србија во март помали за 28 милиони евра


Во Србија во март врз основа на дознаки се слеале 214,6 милиони евра, што е за 28 милиони евра или 11,5 отсто помалку од истиот месец минатата година, јавија српските медиуми. Од Народна Банка на Србија објаснувааат дека намалувањето е последица на пандемијата на корона вирус во светот. Речиси една третина од сите приливи по …

Приливите од дознаки во Србија во март помали за 28 милиони евра Read More »

Шилегов го сака „Вардар“ од Самсоненко само „чист“


Само без долгови би го превземале раководењето на ФК Вардар од досегашниот сопственик Сергеј Самсоненко, изјави градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов во дебатната емисија „Клик плус“ на „ТВ21“. На апелот на неговиот соговорник  Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара од Шилегов и советниците во Град Скопје, без разлика на политичката припадност, да ми се …

Шилегов го сака „Вардар“ од Самсоненко само „чист“ Read More »

Пановски: Им веруваат на поповите и оџите дека вирусот не се пренесува во свети објекти


Се согласувам со препораката маски да се носат, но гледам дека тоа не се почитува во целост. Сметам дека населението се умори од мерките и сега доаѓаме до ситуација, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ да е вистина, изјави во гостувањето на „Утрински брифинг“ , проф. д-р Никола Пановски. Околу собирањата на литургии, …

Пановски: Им веруваат на поповите и оџите дека вирусот не се пренесува во свети објекти Read More »