Пановски: Им веруваат на поповите и оџите дека вирусот не се пренесува во свети објекти


Се согласувам со препораката маски да се носат, но гледам дека тоа не се почитува во целост. Сметам дека населението се умори од мерките и сега доаѓаме до ситуација, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ да е вистина, изјави во гостувањето на „Утрински брифинг“ , проф. д-р Никола Пановски.

Околу собирањата на литургии, погреби, џамии и цркви, Пановски вели дека овие институции и форми на собирања, очигледно претставуваат втора власт во државава.

-Факт е дека огромен број на луѓе веруваат во оџите, поповите, свештениците дека вирусот во светите објекти не може да се прошири. И тука ништо не може да направиме, освен да советуваме. Ако 95 отсто од вирусот се шири внатре во домовите, треба мерките да се менуваат. Треба да се мониторира како се вршат тие семејни контакти и каде се шири вирусот. Ако видиме дека во ниеден маркет и во ниеден парк, ниту еден кеј не се пренел вирусот, ајде да одиме таму каде што се пренесува. Тоа се места каде што луѓето пејат, викаат, седат подолго време. Маските се ОК, но кога ќе се соберат луѓето тоа не го почитуваат, вели д-р Пановски.

Околу зголемениот број на смртноста кај младите луѓе Пановски смета дека тоа е микс од повеќе работи.

-Нездравиот начин на живот и стрес е причина за поголемата смртност кај младите од кардио-васкуларни болести. Каде што главен спорт ви е кладилница, помешано со загаден воздух, ова и е очекувано.