Извлечен автомобилот што падна во Вардар, во него нема луѓе


Екипите на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР претпладнево го извлекоа автомобилот што падна во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата Аџибадем Систина.

Станува збор за автомобил „фолскваген поло“ и според првичните сознанија во него нема луѓе.
Автомобилот беше извлечен со помош на сајли што, преку водите на Вардар, ги поставија спасувачките екипи