Повредени возач и мотоциклист, излетале од коловозот


Во две одделни сообраќајни незгоди еден возач излетал со автомобилот од коловозот, како и еден моторџија, кој исто така излетал од коловозот, а двајцата се повредени и пренесени во болница.
Во четвртокот, околу 15 часот на регионалниот пат Градско – Неготино, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Велес.
Истиот ден, во 9 часот на регионалниот пат Неготино – Демир Капија, во близина на место викано „Острово“, С.Д.(69) од Скопје, управувајќи мотоцикл „томопар 150Т“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Неготино. Увид извршила екипа од СВР Велес.