Автомобил падна во Вардар кај болницата „Аџибадем Систина“


 Во тек е акција за извлекување на автомобил кој паднал во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата Аџибадем Систина.
Екипи на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР поставуваат сајли за извлекување на возилото. Засега не се знае дали има луѓе во возилото.