Сончево со умерена облачност


Сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност која во […]

„Фајзер“ наскоро ќе побара итно одобрување за нивната вакцина во САД


Американската компанија „Фајзер“ (Pfizer), која работи на вакцина против КОВИД-19 со германската компанија „Бионтек“ (BioNTech), објави отворено писмо од нејзиниот извршен директор во кое објави дека во ноември ќе побара одобрување на нивната вакцина од ФДА. Фармацевтската мултинационална компанија објави отворено писмо, потпишано од извршниот директор на „Фајзер“, во кое се наведува дека работи „со […]

СЗО: Болниците во Европа наскоро би можеле да ги достигнат максималните капацитети


Зголемениот број случаи со корона вирус во Европа наскоро може да ги исполни капацитетите на многу болници, објави Светската здравствена организација (СЗО). „Изминатава недела бројот на пријавени случаи со корона вирус во Европа беше речиси три пати поголем отколку во екот на пандемијата во првиот бран во март“, изјави лидерот на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус […]

ММФ уште еднаш ги подобри изгледите за Србија: пад на БДП од – 1,5, а не – 2,5 отсто


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денес официјално потврди дека повторно ја подобрил прогнозата за бруто домашниот производ на Србија за 2020 година и сега проценува пад од минус 1,5 процент, а не минус 2,5 отсто како што се предвидува во есенскиот извештај објавен претходно оваа недела. Овие проекции, како што е наведено во соопштението на ММФ, […]

Најбогатиот граѓанин на Србија лани заработил 6,37 милиони евра


Најбогатиот граѓанин на Србија заработил повеќе од 6,3 милиони евра минатата година, што е околу 530.000 евра месечно. Ова произлегува од податоците што ги објави Даночната управа на Србија за даночните обврзници кои лани заработиле повеќе од 2,7 милиони динари. Пријавените приходи за првите сто даночни обврзници со најголеми пријавени приходи во текот на 2019 […]

Нови 25.086 случаи на заразени со Ковид-19 во Франција


Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани нови 25.086 случаи со Ковид-19 и 122 починати лица, јави дописникот на МИА. Според официјалните податоци, во изминатите седум дена хоспитализирани се 6.906 лица, од кои 1.204 се наоѓаат на интензивна нега. Од друга страна, идентификувани се 136 нови кластери, со што бројот на кластери кои се […]

Париз: Убиецот му ја отсече главата на маж извикувајќи Алаху Акбар


Француската полиција вечерва застрела маж кој со нож нападнал минувач во близина на Париз и му ја отсекол главата. Францускиот антитерористички обвинител изјави дека го истражува нападот кој се случил во населбата Конфлан Сент-Онорин, предградите северозападно од Париз. Друг полициски извор вели дека сведоци го случнале напаѓачот како вика „Алаху Акбар“ или „Бог е велик“. […]

Се враќа италијанското сценарио – денеска рекордни 10.010 заразени


Во Италија во последните 24 часа регистрирани се 10.010 нови случаи со корона вирус, што е најголем дневен биланс на заразени до почетокот на епидемијата. Истовремено од последиците на инфекцијата починаа 55 пациенти, соопшти Министерството за здравство, пренесе Ројтерс. Константно расте и бројот пациенти на интензивна нега и денеска ги има 638. За споредба, во […]

Нови 438 случаи со Ковид-19, починати се шест пациенти


Во последните 24 часа се направени 2.306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на Ковид-19 во: – Скопје 200 – Куманово 21 – Дебар 1 – Штип 17 – Прилеп 13 – Тетово 27 – Велес 7 – Битола 18 – Охрид 16 – Кавадарци 9 – Гостивар 2 – Гевгелија 10 – Струмица […]

(Видео) Нема договор за Гоце Делчев, новите предлози ќе се расправаат во декември


На дводневната средба на македонско-бугарската историска комисија имало одреден напредок, главно околу учебниците   Постигнавме напредок, но толку мал што не можам да го наречам чекор туку стапка напред, ги сумираше резултатите од средбата на Македонско-бугарската комисија за историски прашања бугарскиот шеф на тимот, Ангел Димитров, кој за да ја опише уште подобро атмосферата направи […]

Британските модни награди 2020 дигитални, ќе се вреднува хуманизмот наспроти гламурот


Англија– Ниту еден црвен килим нема да се посла во Ројал Алберт Хол оваа зима, бидејќи годишните модни награди на Британскиот моден совет стануваат дигитални. Во согласност со ограничувањата на владата за големи настани во Велика Британија, БФЦ објави дека церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи преку Интернет. Гала-астанот треба да се одржи […]

Крушево: Почит, сеќавање и ново спомен обележје за Тоше


Сеќавања, тага, почит, со песна и црвени рози. Крушево, Македонија, Балканот се сеќава на Тоше Проески по 13-ти пат од неговото трагично загинување. Маратонците и годинава стигнаа на неговото вечно почивалиште, на Гумење во Крушево. Поради пандемијата трчаа од граничниот премин Табановце, до Крушево. Претходно и симболично во Хрватска, Нова Градишка каде загина Тоше. Наум […]

Контроверзниот авион се враќа на европското небо


Авионот „737 макс“ на компанијата „Боинг“ ќе добие одобрение за летови во ЕУ до крајот на годината, откри денеска директорот на ЕАСА, Патрик Ки. „Нашите анализи покажуваат дека е безбеден и дека постигнатото ниво на безбедност е доволно за нас. Разговаравме со ‘Боинг’ за фактот дали со трет сензор можеме да достигнеме уште повисоко ниво […]

Насилството врз животните во Грција станува кривично дело


Суровоста и малтретирањето на животните во Грција ќе бидат квалификувани како кривично дело со построги казни и можност за затвор според законскиот амандман подготвен од Министерството за земјоделство, објави весникот „Катимерини“. Министерот за земјоделство Макис Воридис за ова разговарал со истакнатиот активист за права на животните Панајотис Милас, кој работи со локалните власти за формирање […]

Трудовиот инспекторат добил над 6.000 претставки за непочитување на мерките, на работа вратиле 1.200 лица


Владата обезбеди средства за сите што останаа без работа во услови на пандемија. Се работи за средства од Светска банка кои ќе овозможат 48.000 лица кои останале без работа по основ на пандемија да бидат поддржани со 150 евра или 9.000 денари, во период од четири до девет месеци зависно од бројот на баратели за […]

Рекордни 289 новозаразени со Ковид-19 во Албанија


Нов негативен рекорд од 289 новозразени со Ковид-19 е регистриран во Албанија во последното деноноќие, што е за 32 случаја повеќе во споредба со вчера или 90 со бројката од пред два дена. – Оваа бројка е добиена од тестрани 1.402 сомнителни случаи, што значи дека 20 отсто од тестираните се позитивни на опасниот вирус. […]

Вицепремиерот Битиќи во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид-19


Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, објави дека оди во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид-19. „Моменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на новите услови. Ова значи враќање во нормалното секојдневно работење и живеење, секако со почитување на сите мерки за заштита и превенција, но […]

Уште три медицински сестри позитивни на Ковид-19 во струмичката болница


Нови три медицински сестри од новоотворениот Оддел за инфективни болести при Струмичката болница се позитивни на Ковид-19 и со тоа вкупниот број на заразени здравствени работници се искачи на осум, од кои двајца се лекари, информира директорот Наќе Гогов. -И покрај тоа што ангажиравме персонал од други одделенија, сепак се чувствува потреба од дополнителен персонал, […]

Судот во Берлин го поништи полицискиот час за баровите и рестораните


Судот го суспендираше полицискиот час во баровите и рестораните во Берлин, придружувајќи им се на другите во Германија во поништување на мерките наметнати од владата за да се спречи понатамошното ширење на вирусот Локалната власт на Берлин воведе ноќен полициски час од 23 часот до 6 часот наутро за да се справи со зголемениот број […]

Меркел го откажа самитот на ЕУ за Кина закажан за ноември


Неформалниот самит на ЕУ за политиката за Кина, закажан за 26 ноември во Берлин, е откажан поради пандемијата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на шефовите на држави и влади на Европската унија во Брисел. – Денеска, во екот на пандемијата, јасно ставив до знаење дека, за жал, нема да можеме да го одржиме […]