Се враќа италијанското сценарио – денеска рекордни 10.010 заразени


Во Италија во последните 24 часа регистрирани се 10.010 нови случаи со корона вирус, што е најголем дневен биланс на заразени до почетокот на епидемијата.

Истовремено од последиците на инфекцијата починаа 55 пациенти, соопшти Министерството за здравство, пренесе Ројтерс.

Константно расте и бројот пациенти на интензивна нега и денеска ги има 638. За споредба, во втората половина на јули имаше околу 40.

Италија има втора највисока стапка на смртност од Ковид-19 во Европа, по Велика Британија и од почетокот на пандемијата починаа 36.427 лица.