Продолжен рокот за субвенции за инвертери


Град Скопје од денеска го продолжува распишаниот јавен повик за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, при што граѓаните ќе може да аплицираат и онлајн. Рокот се продолжува поради тоа што со досега пристигнатите барања не се исцрпени предвидените средства. -Откако Градот Скопје ги обработи пристигнатите 4.282  барања за субвенции и утврди […]

Народната банка ги засили активностите за унапредување на платежните услуги и поддршка на финтек-секторот


Развивањето на платните системи, создавањето простор за унапредување и развивање на пазарот на платежни услуги и поддршката на примената на нови иновативни технологии во финансискиот сектор се дел од приоритетите на Народната банка. На нив се фокусирани и значителен дел од активностите во рамките на твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот […]

Трифун Костовски не се плаши од кривичните пријави од Народната банка


Трифун Костовски, еден од акционерите на Еуростандард банка вели дека е задоволен што по двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Оваа негова реакција доаѓа, како што вели во соопштението до медиумите, доаѓа откако добил известување преку медиумите дека се покренати кривични пријави од Народна Банка против високи структури на […]

Проф. Улф Брунбауер за Бугарското радио: „Околу темата ‘Македонија’ Бугарите прават од мувата слон“


Според познатиот австриски историчар, кој ја проучува историјата на двете земји, бугарскиот меморандум испушта дух на комунистичката историографија од годините кога се сметаше дека државата, владата, може да каже како се пишува историјата   „Реакцијата е разбирлива, бидејќи во последните неколку години Република Северна Македонија мораше да направи многу болен компромис со своето име за […]

Кајчев: Средбата во Скопје речиси без резултат


Напредок речиси и да нема. Средбата во Скопје заврши речиси без резултат, изјави бугарскиот историчар Наум Кајчев, член на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања по вчера завршената дводневна средба во Скопје. Кајчев за ТВ емисијата „Панорама“ на БНТ изјави дека освен тоа што нема решение за Гоце Делчев, се појавил и нов проблем. […]

Уште еден рекорд во Бугарија – 998 заболени од вирусот


Уште еден ден со рекордно зголемување на бројот на заразени со корона вирус во Бугарија – 998 се новорегистрираните позитивни примероци за последните 24 часа, покажуваат најновите објавени податоци. Направени се 7.442 тестови, што значи дека 13,4 отсто од испитаниците се позитивни. Најголем број новоинфицирани лица има во Софија – 306, проследено со Пловдив со […]

Златко Јовановски го освои Холивуд: Ава Макс во креација на “ЈZJ “


Поп-ѕвездата Ава Макс позираше во раскошна тоалета на македонскиот дизајнер Златко Јовановски за насловницата на „HER WORLD MAGAZINE” во Лос Анџелес. -Дел од колекцијата на брендот “ЈZJ by Zlatko Jovanovski” што беше претставена на Модната недела во Харбин, Кина, е во шоурумот за сценска мода во Лос Анџелес, па така впрочем и овој фустан е […]

Ако сметките за струја се повисоки од реалната потрошувачка, граѓаните да се жалат до РКЕ


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ги известува потрошувачите дека можат да достават приговор до РКЕ доколку добиените сметките за електрична енергија отстапуваат од реалната потрошувачка на електрична енергија. -Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на електрична енергија, тие може да поднесат претставка до РКЕ. Комисијата […]

(ВИДЕО) Првпат по 70 години во САД ќе биде егзекутирана жена


Во САД, првпат по 70 години, ќе биде егзекутирана жена, која е осудена на смрт на сојузно ниво, соопшти американското Министерство за правда. Пресудата ќе биде извршена на 8 декември. Осудената Лиза Монтомери е прогласена за виновна поради свирепото убиство на бремена жена во 2004 година. Егзекуцијата ќе биде извршена со смртоносна инјекција во американската […]

Шефот на австриската дипломатија позитивен на Ковид-19


Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг тестиран е позитивно на коронавирус. Се претпоставува дека Шаленберг се заразил за време на учеството на самитот на шефови на дипломатии од земјите членки на ЕУ минатиот понеделник во Луксембург. Претставничка на австриското МНР најави дека поради предострожност денеска ќе бидат тестирани сите членови на владиниот кабинет.

Твитер војна меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој носи маски, кој не


Министерот за здравство доктор Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија на која тврди дека се наоѓаат членови на ВМРО ДПМНЕ, а на која е очигледно не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, не се носи маска, не се одржува дистанца.     ,,,Состанок на ВМРО ДПМНЕ за барање одговорност од власта за […]

Радан Канев: Додека Борисов седи пред казан со ракија, Мицотакис е во Харвард


Додека нашиот премиер Бојко Борисов седи на трупец пред тенџере со ракија, грчкиот премиер им го презентира грчкиот план за закрепнување на своите колеги на Харвард, бидејќи тој има докторат по економија и дипломирал на Харвард, изјави за БТВ европратеникот Радан Канев. Европратеникот ја критикуваше владата што сè уште не го претставила нацрт-планот за закрепнување […]

БГНЕС: Скопје го испраќа Љупчо Георгиевски во објаснувачка мисија во Бугарија


Поранешниот македонски премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, во наредните денови ќе пристигне во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји. Посетата ќе се одржи откако тој неодамна имал разговор со премиерот Зоран Заев, пишува бугарската агенција БГНЕС пренесувајќи детали од синоќешното интервју на Георгиевски за емисијата „360 степени“ […]

Донаторска акција „Нахрани 10.000“


По повод „Неделата на солидарноста“ денеска на 18 локации во шест градови –  Скопје, Битола, Неготино, Струмица, Кочани и Виница ќе се одржи Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на Мрежата „Сите сити“ во координација со Ајде Македонија. Станува збор за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање […]

Бочварски и Китанов на увид во изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш. Изградбата на патот во должина од 40,4 километри се одвива во две фази. Првата фаза клучка Штип-Бучим во должина од 23 километри, е со реализација од над […]

За шест месеци доставени 120 барања за бесплатна правна помош до Министерството за правда


Со Законот за бесплатна правна помош што почна да се применува од октомври минатата година постапката за остварување ова право е олеснета и доближена до слабоимотната категорија на граѓани. Во периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава, како што информираат од Министерство за правда за МИА, доставени се вкупно 120 барања за секундарна правна […]

Армијата на Македонија како членка на НАТО во прва мисија во Косово


Армијата на Република Северна Македонија како 30-та земја членка на НАТО од денеска, првпат директно, со 44 нејзини припадници, ќе учествува во мисијата КФОР во Косово. Првата ротација е составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“. Со присуство на највисокиот воен и […]

Зошто руските хакери не се плашат од Германија?


Универзитетската болница во Дизелдорф беше парализирана две недели на почетокот на септември оваа година. Како резултат на хакерски напад, десетици сервери беа блокирани, пациентите мораа да бидат испратени во други болници, а една жена почина. Локалните власти велат дека трагите на хакерите водат кон Русија. Слични хакерски напади врз таканаречената критична инфраструктура – болници, електрани, […]

Љубчо Георгиевски: Бугарите не сфаќаат што значи еден македонски политичар да каже, Гоце Делчев е заеднички револуционер меѓу Македонија и Бугарија


Бугарите не сфаќаат што значи еден македонски политичар да каже, Гоце Делчев е заеднички револуционер меѓу Македонија и Бугарија. Сметам дека и сон на бугарската политика долги години беше да добие таква изјава од македонска страна, истакна синоќа поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски во интервју за 360 степени. -Ако тие би […]

Нови предлог-мерки за заштита од Ковид-19, откако бројот на новозаболени стана загрижувачки


Поради високата стапка на новозаболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести вчера донесе нови предлог-мерки со кои се забранува организирање на настани, се скратува работното време на сите економски субјекти до 23 часот, и до 50 отсто да е исполнет капацитетот во јавниот превоз. Надлежните уверуваат дека постојат механизми за справување со вирусот, но во […]