Уште еден рекорд во Бугарија – 998 заболени од вирусот


Уште еден ден со рекордно зголемување на бројот на заразени со корона вирус во Бугарија – 998 се новорегистрираните позитивни примероци за последните 24 часа, покажуваат најновите објавени податоци. Направени се 7.442 тестови, што значи дека 13,4 отсто од испитаниците се позитивни.

Најголем број новоинфицирани лица има во Софија – 306, проследено со Пловдив со 107 случаи и Сливен – со 58, Благоевград – 49…

197 лица беа излекувани, но 14 ја загубија борбата против вирусот.