Златко Јовановски го освои Холивуд: Ава Макс во креација на “ЈZJ “


Поп-ѕвездата Ава Макс позираше во раскошна тоалета на македонскиот дизајнер Златко Јовановски за насловницата на „HER WORLD MAGAZINE” во Лос Анџелес.

-Дел од колекцијата на брендот “ЈZJ by Zlatko Jovanovski” што беше претставена на Модната недела во Харбин, Кина, е во шоурумот за сценска мода во Лос Анџелес, па така впрочем и овој фустан е избран од шоурумот. Во шоурумот има многу дизајнери кои изложуваат таму. Честа е огромна, пресреќен сум, ни изјави Јовановски.

Златко Јовановски

Претходно, од овој шоурум стилисти избраа креација на Јовановски за манекенките кои глумеа во краткометражниот моден филм на поп-ѕвездата Тајга, поранешното момче на најмладата милијардерка Кајли Џенер.

Креација на Златко за невеста

Златко со своето модно студио во центарот на Скопје и Тетово веќе седум години е на мапата на славната и богата клиентела од Македонија и од регионот, со своите деликатни, сексапилни и драматични венчаници и вечерни тоалети.(Л.С.)