Бочварски и Китанов на увид во изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш.

Изградбата на патот во должина од 40,4 километри се одвива во две фази. Првата фаза клучка Штип-Бучим во должина од 23 километри, е со реализација од над 80 проценти, а инвестицијата изнесува 27 милиони евра.

Во тек се активности и на втората фаза Три чешми- клучка Радовиш во должина од 16,9 километри, инвестиција во вредност од 15 милиони евра.