Контроверзниот авион се враќа на европското небо


Авионот „737 макс“ на компанијата „Боинг“ ќе добие одобрение за летови во ЕУ до крајот на годината, откри денеска директорот на ЕАСА, Патрик Ки.

„Нашите анализи покажуваат дека е безбеден и дека постигнатото ниво на безбедност е доволно за нас. Разговаравме со ‘Боинг’ за фактот дали со трет сензор можеме да достигнеме уште повисоко ниво на безбедност”, рече Ки, зборувајќи за дополнителен синтетички сензор чиј развој и инсталацирањето на авионите може да трае од 20 до 24 месеци, пренесува „Блиц“.

За потсетуваање, авионите „737 макс“ беа приземјени од март 2019 година по две несреќи за помалку од шест месеци во кои загинаа 346 лица.