Судот во Берлин го поништи полицискиот час за баровите и рестораните

Баровите и рестораните во Берлин мораа да бидат затворени од 23 до 6 часот (Фото: Ројтерс)

Судот го суспендираше полицискиот час во баровите и рестораните во Берлин, придружувајќи им се на другите во Германија во поништување на мерките наметнати од владата за да се спречи понатамошното ширење на вирусот

Локалната власт на Берлин воведе ноќен полициски час од 23 часот до 6 часот наутро за да се справи со зголемениот број нови инфекции пред една недела. Во петокот портпарол на управниот суд во Берлин рече:

„Полицискиот час засега е суспендиран бидејќи судот смета дека е непропорционален во поглед на другите мерки преземени за борба против пандемијата“.

Судот соопшти дека нема докази дека баровите и рестораните што се придржуваат до правилата за носење маски и социјално дистанцирање придонеле за какво било зголемување на стапката на инфекција. Пресудата беше одговор на правната постапка што ја покренаа 11 сопственици на ресторани кои го оспорија полицискиот час, но не и забраната за продажба на алкохол по 23 часот.

Неколку други германски градови, вклучително и финансискиот центар Франкфурт, исто така воведоа полициски час во баровите и рестораните. Покраините во Германија се согласија со канцеларката Ангела Меркел оваа недела ваквите мерки да бидат автоматски штом стапките на инфекции во која било област надминуваат 50 на 100.000 жители во текот на една недела.

Германија, како и другите земји низ Европа, се справува со нагло зголемување на инфекциите со коронавируси. Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“ во петокот објави дневна бројка на повеќе од 7.300 нови случаи.