Најбогатиот граѓанин на Србија лани заработил 6,37 милиони евра


Најбогатиот граѓанин на Србија заработил повеќе од 6,3 милиони евра минатата година, што е околу 530.000 евра месечно. Ова произлегува од податоците што ги објави Даночната управа на Србија за даночните обврзници кои лани заработиле повеќе од 2,7 милиони динари.

Пријавените приходи за првите сто даночни обврзници со најголеми пријавени приходи во текот на 2019 година се движат од околу 61 милион до околу 749 милиони динари, пишува Банкар.ме.

„Од 100 најголеми пријавени приходи, 68 проценти припаѓаат на даночни обврзници од територијата на Белград – 85 лица се домашни државјани, а 15 се странски државјани“, посочуваат во Даночната управа.

Најчесто пријавуваните занимања се традиционално – менаџер, директор и инженер.

Меѓу најбогатите граѓани на Србија сè уште има повеќе машки членови – дури 88 проценти.

„Според обработените податоци, Даночната управа на Република Србија во законски предвидениот рок примила вкупно 27.866 пријави за утврдување на годишен данок на доход на граѓаните за 2019 година“, наведува Даночната управа на Србија.

Ова значи дека толку граѓани во текот на 2019 година заработиле повеќе од три просечни годишни плати. Оваа граница за минатата година беше на ниво од 2.729.304 динари.

Повеќето граѓани кои ја надминаа оваа граница живеат во општина Нов Белград – вкупно 4.969, а веднаш потоа, со нешто помалку пријави (4.869) се оние што живеат во центарот на главниот град.

Даночните пријави за годишниот данок на доход на граѓаните можат да се доставуваат во хартиена и електронска форма.

Преку порталот еПорези на Даночната управа биле стигнати 35 осто од пријавите за утврдување на годишен данок на доход на граѓаните за 2019 година.