Њујоршката филхармонија се претвора во патувачки оркестар


САД– Поради пандемијата на коронавирус, Њујоршката филхармонија, најстариот оркестар од ваков тип во САД, ги затвори вратите на својата концертна сала – познатиот „Линколн центар“, во март годинава… Па, во обид да ја врати својата публика, пред неколку дена оттаму најавија своевидна патувачка турнеја. Предводничката на Филхармонијата, виолинистката Дебора Борда дошла до идеја оркестарот да […]

Бочварски ја презеде од Сугарески функцијата министер за транспорт и врски


Благој Бочварски денеска ја презеде функцијата министер за транспорт и врски од досегашниот министер Горан Сугарески. На средбата со Сугарески му се заблагодари на успешно сработената работа во Министерството и разговараа за реализацијата и обемот на капиталните проекти што се работат во овој ресор, како и за идните проекти што ќе се реализираат во инфраструктурата, […]

Виола Грациози од Италија добитник на „Актер на Европа 2020“


Виола Грациози од Италија е добитник на главната наградата „Актер на Европа 2020“ за најдобро актерско остварување на 18. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа 2020“, што заврши синоќа. Грациози е една од најзначајните актерки во европскиот театарски простор и ја доби наградата за улогата во „Суита Офелија “, во режија на Гаетано […]

Мицкоски: Немам намера да поднесам оставка за да му помогнам на Заев


Немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и на Зоран Заев, изјави денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пред седиштето на партијата, на која зборуваше по повод формирањето на новата Влада. „Ваквите теми само одат во прилог на оние против кои се бориме. И додека сум жив, а доколку тоа […]

Танц Фест 2020: Маратон со домашни и интернационални кореографи и танчери


Под мотото „Потрага по допир“, на почетокот на септември ќе се одржи најновото издание на реномираниот Танц Фест 2020, но и ќе се одбележат 30 години современа македонска танцова сцена со учество на македонски и американски уметници. Програмата е поддржана од Министерството за култура, Град Скопје, Американската амбасада во Скопје, како и долгогодишните партнери на […]

Заврши 60. Охридско лето: Силата на музиката и театарот се храна за човечкиот дух и во кризни времиња


Со театарската претстава „Бог на масакрот“ во изведба на НУ Турски театар Скопје, вчеравечер на сцената „Долни Сарај“ беше спуштена завесата на 60-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“. Директорката на НУ „Охридско лето“ , Наташа Поповиќ, истакна дека ова јубилејно „Охридско лето“ поради ситуацијата со коронавирусот се одржа во термин различен од традиционалниот,  пред […]

Пороен дожд и грмежи утре попладне во северните делови


Пороен дожд и грмежи за утре попладне во северните делови од државата најавуваат метеролозите за утре попладне. Ќе дува и  умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец. Од среда ќе има повремено заголемување на облачноста и позначително намалување на температурата проследено со […]

Европа после Брегзит и Ковид-19 – главни теми на Бледскиот стратешки форум


Европа после Брегзит и пандемијата на Ковид-19 се темите на главниот панел на овогодинешниот Бледски стратешки форум (БСФ), кој денеска се одржува во Словенија и ќе трае само еден ден поради актуелната пандемија. Словенечкиот премиер Јанез Јанша се обрати на присутните на Форум и, меѓу другото рече дека следната година ќе биде период на Брегзит […]

Леди Гага доминираше на виртуелните Ем-Ти-Ви музички и видеонагради


САД– Леди Гага беше sвезда на годинешното, претежно виртуелно доделување на Ем-Ти-Ви музички и видеонагради (MTV Music Video Awards). Таа освои пет награди, меѓу кои и за песна на годината, уметник на годината и соработка на годината – за песната „Rain on Me“. Хитот е направен заедно со Аријана Гранде, а сега Леди Гага првпат […]

Земјата соочена со магнетна бура


Слаба магнетна бура почна утрово на Земјата, според Лабораторијата за рендгенска астрономија на Сонцето при Физичкиот институт на Академијата на науките (ФИАН) во Москва. „Во моментов има магнетна бура (слаба, ниво на Г1) во магнетосферата на Земјата“, се соопштува на веб-страницата на лабораторијата. Појаснето е дека бурата е забележана од околу 6:00 до 9:00 часот […]

Како Општина Илинден за 10 години стигна до над 200 инвестиции и под 3 отсто невработеност


Во Општина Илинден во изминатите десет години биле реализирани над 200 инвестиции, а невработеноста е под 3 отсто, информираат од Одделението за поддршка на градоначалникот Жика Стојановски. Од таму нагласуваат дека инвестицискиот циклус во општината не стивнува и покрај актуелната состојба со Ковид-19. Оваа општина е една од најпривлечните инвеститорски дестинации во земјата и регионот, […]

(Видео) Од уста на жена извадена змија долга еден метар


Не е познато дали змијата преживеала. Жената преживеала, но веројатно нема повторно да спие надвор. Лекарите во Дагестан отстраниле змија долга 1,2 метри, која влегла во устата на жената додека спиела во нејзиниот двор. Младата жена по некое време воопшто не се чувствувала добро  и брзо е пренесена во болницата во селото Леваши. На видеото […]

Заштитата на културното наследство приоритет на Стефоска


Новата министерка за култура Ирена Стефоска денеска официјално ја презеде функцијата. Основната задача на која како министерка ќе се посвети за време на овој мандат, како што истакна, е заштитата на културното наследство но и раскрстување со варварското однесување кон културното наследство. Стефоска по преземањето на функцијата изјави дека ќе работи на обединување на знаењата […]

„Омегата“ од предметот „Монструм“ била исчистена пред да биде пронајдена


Возилото „Опел Омега”, за кое се претпоставува дека го користиле извршителите на убиството на Смилковско Езеро, внатре било неизвалкано. Поранешен припадник на МВР, кој на 13 април 2012 бил на местото Враживир, и имал за задача да ја фото-документира колата, рече дека работел на многу кривични настани, но во овој случај возилото било исчистено и […]

Брнз: Како пријатели и партнери ја продолжуваме соработката со новата влада


Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз го поздрави формирањето на новата влада и  упати честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство. – Честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство за формирањето на новата влада. Како пријатели и партнери, очекуваме соработка со владата за натамошен континуиран напредок во однос на реформските […]

Албанските медиуми за изборот на новата македонска влада


Албанските медиуми отстапија широк простор за изборот на новата влада на Република Северна Македонија, посебно посочувајќи ги приоритетите што ги соопшти премиерот Зоран Заев, како и бројот на министрите Албанци во новата извршна власт на земјата. „Избрана влада на Северна Македонија-Заев ги соопшти приоритетите“, „Во новата влада на премиерот Заев шест министри Албанци“, се само […]

Насер Нуредини: Потребни се сериозни напори за да ги исполниме европските еколошки стандарди


Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, по повод изгласувањето на новата Влада, во изјава за медиумите вели дека негови приоритети во наредниот период ќе бидат аерозагадувањето, управувањето со отпадот и отпадните води, заштитата на природата и обезбедувањето на вода за пиење за секој граѓанин во земјата, како и дека ќе бидат потребни […]

Масовни тестирања за Ковид-19 во домовите за стари лица во грчката област Атика


Периферијата Атика, што го опфаќа поширокиот регион на Атина и Здружението на лекари од Атина, во соработка со Националната служба за јавно здравје на Грција преку мобилните единици, од денеска започнуваат со масовно тестирање во домовите за стари лица, јави дописничката на МИА од Атина. Префектот на Атика, кој воедно е и претседател на лекарското […]

Општина Гази Баба набавува 250 таблети за учениците


  Општина Гази Баба набавува 250 таблети за децата кои немаат како да ја следат он лајн наставата. – Целта е да ги надминеме недостатоците кои се јавија лани кога имаше ученици кои не можеа да набават технички уред или во исто време настава требаше да следат две или повеќе деца од едно семејство. Општина […]

Во Хрватска нови 146 случаи со корона вирус, две лица починаа


Во изминатите 24 часа во Хрватска се забележани 146 нови случаи на коронавирус, а две лица починаа, извести министерот за здравство Вили Берош на прес-конференција. Со тоа бројот на активни случаи на Ковид-19 во Хрватска изнесува 2.650. Бројот на позизитвни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 10.270, тестирани се вкупно 167.250 лица, а во изминатите […]