Брнз: Како пријатели и партнери ја продолжуваме соработката со новата влада

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз го поздрави формирањето на новата влада и  упати честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство.

– Честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство за формирањето на новата влада. Како пријатели и партнери, очекуваме соработка со владата за натамошен континуиран напредок во однос на реформските цели за ЕУ и одлучна заложба за владеење на правото, напиша амбасадорката Брнз на Твитер.